| Работилница за промоција на прирачник за отстранување на дискриминацијата во Велес |
|
|
На 5-ти октомври 2009 година во Велес пред 130 гости беше промовирана публикацијата „Прирачник за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничка припадност“. Автори на публикацијата се Мирјана Најчевска и Сашко Тодоровски, кој даде краток вовед во работилницата опишувајќи ја дискриминацијата како суптилен феномен што тешко се утврдува. Пред преполната сала зборуваше и Сали Латифов, соработник за здравствена, социјална и цивилна заштита во општина Чашка. Тој нагласи дека мултиетничкиот соживот во Чашка е добар, а општината вложува напори да ги поттикнува граѓаните на соживот преку спортски и културни активности.
За искуствата од дискриминацијата врз основа на етничка припадност зборуваше Зати Кесан, претставник од ромската заедница и член на здружението „Романи Бах“ од Велес. Тој нагласи дека ромската заедница во регионот се соочува со низа проблеми во социјалната сфера, образованието и здравството поткрепувајќи го неговото излагање со конкретни примери. Големиот интерес за настанот предизвика и плодна дискусија меѓу присутните кои доаѓаа од различни општествени сфери: локална власт, училишта, институции и невладини организации. Се зборуваше за учеството во јавниот живот на Бошњаците во регионот, стипендирањето на Ромите во основното образование и правата на Ромите во социјалната сфера. Особено внимание привлече поимот „дискриминација” кој беше протолкуван на различни начини од претставниците на различни етнички заедници. Средбата сите ја оценија како корисна заради размена на искуствата и полесно надминување на дискриминацијата. Беше поздравено издавањето на Прирачникот чии верзии на албански, турски, српски, бошњачки, ромски, влашки и англиски јазик се во подготовка. Иако беше упатена покана до Министерството за труд и социјална политика и до канцеларијата на Народниот правобранител, во последен момент беше откажано присуството на претставници од овие институции. На 8-ми октомври Прирачникот ќе биде промовиран и во Штип. Неговото објавување и промовирање е дел од активностите на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита” финансиран од Европската комисија и ФИООМ. ve983
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 5-ти октомври 2009 година во Велес пред 130 гости беше промовирана публикацијата „Прирачник за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничка припадност“. Автори на публикацијата се Мирјана Најчевска и Сашко Тодоровски, кој даде краток вовед во работилницата опишувајќи ја дискриминацијата како суптилен феномен што тешко се утврдува. Пред преполната сала зборуваше и Сали Латифов, соработник за здравствена, социјална и цивилна заштита во општина Чашка. Тој нагласи дека мултиетничкиот соживот во Чашка е добар, а општината вложува напори да ги поттикнува граѓаните на соживот преку спортски и културни активности.
За искуствата од дискриминацијата врз основа на етничка припадност зборуваше Зати Кесан, претставник од ромската заедница и член на здружението „Романи Бах“ од Велес. Тој нагласи дека ромската заедница во регионот се соочува со низа проблеми во социјалната сфера, образованието и здравството поткрепувајќи го неговото излагање со конкретни примери. 




