|
Обука на тема „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата” |
|
|
Обука на тема „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата” се одржува од 15-ти до 17 -ти октомври 2008 год. во хотел Гратче, Кочани. Целта на обуката е учесниците да се здобијат со знаења и вештини за механизмите и инструментите за креирање јавни политики, како и формите за застапување за правата на малцинствата.
Тим на обучувачи од Акција Здруженска ќе ја спроведува обуката. Се очекува присуство на претставници на невладини организации, јавни институции и претставници од единиците на локалната самоуправа Гевгелија, Дојран, Валандово, Струмица и Радовиш.
Обуката е дел од проектот Живеење во мултиетничка средина – Граѓани со еднакви права, можности и заштита, финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).
Обуката ја организира ФИООМ во соработка со Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија и Центарот за одржлив развој „Порта” - Струмица (поранешни Центри за поддршка на НВО Гевгелија и Струмица).
|