|
Работилница за подготовка на кодекс на формалната мрежа Хрватски национален совет |
|
|
На 2-ри и 3-ти октомври 2009 година во Штип се одржа регионална работилница за подготовка на кодекс на мрежата „Хрватски национален совет“. Во регионалната работилница учествуваа 17 претставници од Штип, Тетово, Битола и Куманово. Првиот ден се работеше на ревизија на стратегијата на мрежата.
Групата беше поделена во 3 работни групи според трите програмски области на мрежата. Секоја група го прегледа соодветниот дел од стратегијата и истиот го дополни. На крајот следеше презентација, а измените и дополнувањата веднаш беа корегирани во електронски формат. Во попладевниот дел од работниот ден се направи анализа на органите и телата на мрежата, а се разгледуваше и статутот.
Во текот на вториот ден од работилницата се започна со подготовка на деловодник за работа на Советот на мрежата, правилник за работа на Управниот одбор и правилници за работа на 3-те програмски одбори на мрежата. Во пленарна дискусија се работеше на подготовката на деловодникот, а се појави потреба од поголемо разјаснување на дилемите поврзани со управувачките тела на невладините организации кои се опфатени со последните измени на Законот за здруженија на граѓани и фондации. На крајот од работниот ден беа усвоени деловодникот и правилниците за работа.
Регионалната работилница беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Штип (Фондацијата за развој на локалната заедница Штип -поранешен Центар за поддршка на НВО).
Дневен ред
kum007
tt117
res493
sht453
|