|
Обука на тема „Концепт на човекови права и развој на позитивни меѓуетнички односи и правни стандарди (интернационални и национални) за заштита на правата на малцинствата” |
|
|
Од 17-ти до 19-ти октомври 2008 год. во хотел Аполонија, Струга се одржува обука на тема „Концепт на човекови права и развој на позитивни меѓуетнички односи и правни стандарди (интернационални и национални) за заштита на правата на малцинствата”. Се очекува присуство на претставници од невладини организации, јавни институции и единици на локалната самоуправа од регионот на Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Прилеп, Крушево и Долнени.
Целта на обуката е учесниците да се стекнат со знаења за концептите и заштитата на човековите права (карактеристики, историјат и механизми).
Обучувачи на обуката се Лузлим Хазири и Катица Апостоловска од Асоцијацијата за демократски иницијативи Гостивар.
Обуката ја организира ФИООМ во соработка со Центарот за локален развој АНТИГОНЕА Неготино и Фондацијата за поддршка и развој Прилеп (поранешни Центри за поддршка на НВО).
|