| Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” |
|
|
|
Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” се одржува на 17ти и 18ти септември 2008 год. во хотел Дрим, Струга. Обуката е дел од серијата планирани обуки во проектот „Живеење во мултиетничка средина - граѓани со еднакви права, можности и заштита“, финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ). Целта на обуката е учесниците да се стекнат со знаења за процесот на децентрализација и како да се управува со мултиетнички заедници. Обуката ги вклучува следните теми: процесот на децентрализација во Република Македонија, управување со мултиетнички заедници во теорија и пракса, споделување на моќ и власт, проблеми при споделување на локално ниво, различни концепти на управување со мултиетнички заедници во Република Македонија и на локално ниво. Обучувачи на обуката ќе бидат д-р Жидас Даскаловски и м-р Марија Ристеска. Се очекува присуство на претставници од невладини организации, јавни институции и единици на локалната самоуправа од регионот на Дебар и Кичево. Обуката ја организира ФИООМ во соработка со Центарот за развој на заедницата Кичево и Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар (поранешни Центри за поддршка на НВО).
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









