| Јавна дебата во Дебар |
|
|
На 4-ти декември 2007 год. во Дебар се одржа јавна дебата на тема
„Состојбата со заштитата на правата на немнозинските етнички заедници
во Дебар и Центар Жупа”. Во дебатата учествуваа 46 учесници, и тоа: преставници од локалната самоуправа и од локални институции од Дебар и Центар Жупа (11), претставници од невладини организации од Дебар, Центар Жупа, Маврово и Ростуше (31) и преставници од локални и национални медиуми ( 4). Целта на дебатата беше да се дискутира за состојбата со заштитата на правата на немнозинските етнички заедници во регионот и да се истражат можностите за унапредување на нивниот статус. Дебатата ја модерираше Гоце Љубиновски од Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар, кој го отвори настанот со кратко преставување на проектот. Во дебатата своите ставови за темата ги искажаа: Камер Имери, државен советник во подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Кичево, Низамедин Папранику, претседател на Советот на општина Дебар, Илир Исени, претставник од НВО „Толерантна младина“ од Дебар, Иванка Ивановска, претставник од Организација на жени од Дебар и Фехми Скендер, претставник од НВО „Жупа Турклери” од Центар Жупа. На дебатата се дискутираше за недоволната застапеност на немнозинските етнички заедници во институциите, примената на двојазичноста на локално ниво, организирањето на Дебарското културно лето 2007 од аспект на вклучувањето на сите етнички заедници и почитувањето на принципот на двојазичност. Во дискусијата се вклучија голем број учесници сложувајќи се дека во Дебар постои взаемно почитување и се живее во мултиетнички дух. Локалната самоуправа, локалните институции и невладините организации се отворени и подготвени да се залагаат за унапредување на правата на немнозинските заедници на локално ниво, но има место за подобрување на состојбата во некои области. Беше препорачано да се организираат слични средби и во другите општини, да се градат партнерства и коалиции за во иднина да се решаваат актуелните проблеми. На тој начин може да се реши проблемот со рамноправната етничка застапеност во локалните институции, вклучувањето на сите етнички заедници во културните активности, почитувањето и употребата на двојазичноста во сите сфери од локалниот живот и подобрувањето на комуникацијата меѓу централната и локалната власт заради подобар развој на регионот. Од дебатата произлезе и заклучокот дека треба да се преземат мерки за активирање на Комисиите за односи меѓу заедниците во Дебар и Центар Жупа.Инсерти од дебатата беа емитувани на локалната телевизија ТВ Жупа. Дебатата ја организираше Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Дебар (Центар за одржлив развој на заедницата Дебар, поранешен Центар за поддршка на НВО Дебар). Дневен ред (македонски, shqip, english) deb237
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно |
|---|




На 4-ти декември 2007 год. во Дебар се одржа јавна дебата на тема
„Состојбата со заштитата на правата на немнозинските етнички заедници
во Дебар и Центар Жупа”.
Во дискусијата се вклучија голем број учесници сложувајќи се дека во Дебар постои взаемно почитување и се живее во мултиетнички дух. Локалната самоуправа, локалните институции и невладините организации се отворени и подготвени да се залагаат за унапредување на правата на немнозинските заедници на локално ниво, но има место за подобрување на состојбата во некои области. Беше препорачано да се организираат слични средби и во другите општини, да се градат партнерства и коалиции за во иднина да се решаваат актуелните проблеми. На тој начин може да се реши проблемот со рамноправната етничка застапеност во локалните институции, вклучувањето на сите етнички заедници во културните активности, почитувањето и употребата на двојазичноста во сите сфери од локалниот живот и подобрувањето на комуникацијата меѓу централната и локалната власт заради подобар развој на регионот. Од дебатата произлезе и заклучокот дека треба да се преземат мерки за активирање на Комисиите за односи меѓу заедниците во Дебар и Центар Жупа.




