|
Tрибина на тема „Верските празници - мостови за зближување на етничките заедници“ |
|
|
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар (поранешен Центар за поддршка на НВО) организира јавна трибина на тема „Верските празници - мостови за зближување на етничките заедници“ која ќе се одржи на 25.09.2008 (четврток) со почеток во 18.30 часот, во хотел „Уранику“, Дебар.
Цел на трибината е зајакнување на соживотот во регионот, меѓусебно
запознавање со празниците и поттикнување на вмрежување на невладини
организации од регионот. Пред трибината ќе се организира традиционална
рамазанска вечера (ифтир).
Воведен збор ќе имаат: м-р Ружди Лата, муфтија во Дебарската муфтинија,
Благоја Спироски, архиерејски намесник и парохиски свештеник на
Дебарската парохија и д-р прим. Љулзим Мела.
Трибината е дел од проектот „Живеење во мултиетничка средина - граѓани
со еднакви права, можности и заштита” финансиран од Европската комисија
и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.
|