| Интеграција на немнозинските етнички заедници во јавниот живот |
|
|
На 9-ти декември 2008 год. на ТВ Канал Вис-Струмица се одржа ТВ дебата
на тема „Интеграција на немнозинските етнички заедници во јавниот
живот”. Целта на дебатата беше да се согледа актуелната состојба со
вклученоста на немнозинските етнички заедници во јавниот живот, како и
да се дискутираат можностите за нивно поголемо учество во процесите на
одлучување на локално ниво. Темата на ТВ дебатата произлезе од јавната
дебата во Струмица, исто така емитувана на ТВ Канал Вис, на која беше
заклучено дека образованието е клучен фактор за интеграција на
немнозинските етнички заедници во јавниот живот.ТВ дебатата ја водеше Георги Калајџиев - новинар во ТВ Канал Вис, а во неа учествуваа Зоран Узунов (општински просветен инспектор), Ирис Кумбараџи (наставник во ОУ „Маршал Тито” Струмица), Јашар Абдиев (претседател на невладината организација „Шукри Рамо” Струмица) и Софија Макенаџиева (наставник во ОУ „Маршал Тито” Струмица ). Откако водителот Георги Калајџиев даде краток вовед во дискусијата, учесниците ги изнесоа своите ставови кон темата. Ирис Кумбараџи, како претставничка од турската етничка заедница, своето излагање го насочи кон образованието на турските ученици во Струмица споредувајќи ги образовните процеси низ кои поминува турското население во Скопје и во Струмица. Како недостатоци во образованието на турската етничка заедница, таа ги наброја нередовноста на учениците, недостатокот од учебници и ниската свест на родителите за потребата од образување на своите деца. Од друга страна, во организирањето на образовниот систем, според неа, неопходно е изучувањето на македонскиот јазик за турските ученици уште во прво одделение и постои потреба од обновување на наставниот кадар. Зоран Узунов, надоврзувајќи се на спомнатите проблеми, потврди дека е недостаток што учениците од етничките заедници македонскиот јазик го изучуваат само со два часа неделно од 4-то до 9-то одделение и дека се работи на надминување на овој недостаток. Тој понатаму се задржа на работата на терен и наведе дека од основните училишта има добиено пријави за 63 ученика од турската етничка заедница кои не го посетуваат основното образование, но со опомени тој број е намален на половина, што се должи на превентивното делување на терен, а не на репресивни мерки. Според податоците, најголема причина за непосетување на наставата е социјалната состојба и ниската свест на родителите. Исто така, нагласи дека нема доволно наставен кадар (30 % од кадарот е несоодветен). Јашар Абдиев зборуваше за улогата на невладиниот сектор во подобрувањето на образованието на турската етничка заедница и притоа нагласи дека е многу тешко родителите, кои сметаат дека уличното образование е подобро од формалното, да се убедат во спротивното. Сепак, кажа дека во последните години има напредок и се поголем број ученици се запишуваат во средно образование, од кои најголем дел во Радовиш каде има паралелки на турски јазик во средното образовние, а дел и во средните училишта во Струмица каде наставата се одвива на македонски јазик. Подобрувањето на образованието според Јашар Абдиев особено се должи на помошта од фондацијата „Тика”, која помага при снабдувањето на турските ученици со учебници и учебни помагала. Софија Макенаџиева се осврна на напредокот остварен во основното училиште „Маршал Тито” во Струмица каде скоро сите деца од четврто одделение преминуваат во петто. Таа истакна дека значаен напредок бил постигнат со префрлувањето на надлежностите од централната на локалната власт, односно со децентрализацијата. Проблем за неа претставува малиот број паралелки во училиштето, како и недостатокот од наставен кадар на турски јазик. На крајот од дебатата беше заклучено дека вакви дебати треба да се организираат почесто и само на тој начин, преку отворен разговор, може проблемите полесно да се надминат. Дебатата ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Струмица (Центар за одржлив развој „Порта” Струмица, поранешен Центар за поддршка на НВО). ТВ дебатата беше реемитувана на 10-ти декември 2008 година.
str888
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 9-ти декември 2008 год. на ТВ Канал Вис-Струмица се одржа ТВ дебата
на тема „Интеграција на немнозинските етнички заедници во јавниот
живот”. Целта на дебатата беше да се согледа актуелната состојба со
вклученоста на немнозинските етнички заедници во јавниот живот, како и
да се дискутираат можностите за нивно поголемо учество во процесите на
одлучување на локално ниво. Темата на ТВ дебатата произлезе од јавната
дебата во Струмица, исто така емитувана на ТВ Канал Вис, на која беше
заклучено дека образованието е клучен фактор за интеграција на
немнозинските етнички заедници во јавниот живот.




