|
Јавна дебата во Гевгелија „Образованието на немнозинските етнички заедници“ |
|
|
По одржаните јавни дебати во Дебар, Делчево, Прилеп, Куманово, Струга и Ресен на теми од интерес за немнозинските етнички заедници, на 21-ви мај 2008 год. во х. Југо-Гевгелија со почеток во 12:00 ч. се одржува јавна дебата на тема „Образованието на немнозинските етнички заедници“. Јавната дебата е дел од проектот Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество–Македонија (ФИООМ).Целта на јавната дебата е учесниците да бидат информирани и запознаени
со состојбите од областа на образованието на немнозинските етнички
заедници, да се дискутира за проблемите и начините како тие да се
надминат.
Воведен збор имаат г-ѓа Марија Николова и г-ѓа Аџер Иметовска,
претставнички од Управата за унапредување на јазиците на припадниците
на заедниците при Министерството за образование и култура, г-дин Стојан
Ташков, претставник од Здружение на Власи, г-дин Лазо Трајков,
претставник од Регионален центар за одржлив развој Гевгелија и г-ѓа
Сузана Мусли, претставничка од здружението „Дерја“ од Скопје. Модератор
на дебатата е Тони Аврамов, новинар во ТВ „НОВА”.
На јавната дебата се очекува присуство на претставници од образовни
установи, локални власти, јавни институции и невладини организации од
регионот на Гевгелија.
Јавната дебата ја организира ФИООМ во соработка со Регионален центар за
одржлив развој –Гевгелија (поранешен Центар за поддршка на
НВО-Гевгелија).
|