spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Работилница за промоција на Водичот во Куманово Испечати Е-пошта
promocija_vodic_kumanovo.jpgНа 3 септември 2009 год. во Куманово се одржа работилница за промоција на Водичот за националното законодавство во сферата на употреба на јазиците на етничките заедници во Република Македонија. На промоцијата присуствуваа вкупно 35 учесници, меѓу кои 9 од локалната власт и 26 претставници на невладини организации од Куманово, Липково, Кратово, Крива Паланка, Старо Нагоричане и Ранковци. Присутните ги поздрави Хајрије Ахмед од Заеднички вредности од Скопје која се осврна на причините за публикување на еден ваков водич како реална потреба на граѓаните - припадници на етничките заедници.
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски истакна дека Куманово како мултиетничка општина се грижи за реализација на законските права на граѓаните во пракса истакнувајќи го позитивниот ефект од соработката на општинските власти со невладиниот сектор.
Абдула Касуми од Секретаријатот за имплементација на Рамковниот договор истакна дека секретаријатот извршил вработување на преведувачи, толкувачи во државната и јавната администрација, судовите, Собранието и други органи на државна управа заради целосна  имплементација на Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во РМ. Авторот на публикацијата Дарко Јаневски подетално се задржа на содржината на публикацијата, објаснувајќи го начинот на примена на законското право од страна на граѓаните.
Заменик Народниот правобранител за подрачјето на Куманово, Насер Весели, говореше за практичните аспекти во реализација на правата на граѓаните-припадници на етничките заедници и ја проблематизираше нивната комуникација со државните органи преку конкретни примери (потреба од испишување на показни табли на повеќе јазици, повеќејазични изводи од матичните книги на родените, писмени барања до општината на мајчин јазик и сл.). Беше кажано дека подрачните единици на министерствата, со исклучок на МВР, не се снабдени со формулари на повеќе јазици. Во дискусијата се вклучија присутните на промоцијата, со свои видувања на состојбата од пракса, но и со конкретни прашања до присутните воведничари на кои добија задоволителни одговори. Сите го поздравија издавањето на водичот како корисна алатка во унапредувањето на мултиетничкото живеење.

Дневен ред (македонски, shqip)

kum007

kr356

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB