spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Регионална средба на Народниот правобранител со советници од единиците на локалната самоуправа и невладини организации Испечати Е-пошта
На 26-ти јуни 2008 год. (четврток) со почеток во 12.00 часот во Струмица се одржува регионална средба на Народниот правобранител со советници од единиците на локалната самоуправа од регионот и невладини организации. Средбата е дел од проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита”, финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ). Средбата ја организира ФИООМ во соработка со Центарот за одржлив развој „Порта“ Струмица и Регионалниот центар за одржлив развој Гевгелија (поранешни Центри за поддршка на НВО). Целта на регионалната средба е да се поттикне соработката меѓу Народниот правобранител, единиците на локалната самоуправа и невладините организации од Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Радовиш, Конче, Берово, Пехчево, Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија за унапредување на статусот на немнозинските етнички заедници, преку воспоставување механизми за соработка и дијалог за прашања кои се однесуваат на немнозинските етнички заедници.

Воведни излагања на средбата ќе имаат претставници од Регионалната канцеларија на Народниот правобранител за подрачјето на Струмица, Претседателот на Советот на општина Конче и претставник од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB