spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Работилница за промоција на Водичот во Дебар Испечати Е-пошта
promocija_vodic_debar.jpgНа 2 септември 2009 год. во Центарот за култура во Дебар се одржа работилница на тема „Употреба на јазиците на етничките заедници на локално ниво”. На работилницата учествуваа 33 учесници (18 претставници од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, меѓу кои градоначалниците на Општина Дебар и Општина Маврово и Ростуше, како и членовите на комисиите за односи меѓу заедниците од сите три општини, 11 претставници од невладини организации и 4 новинари). Целта на работилницата беше да се промовира публикацијата „Водич за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија“ и да се отвори дискусија за прашања поврзани со употребата на јазиците на етничките заедници  на локално ниво. Работилницата ја водеше Игор Тасевски од Центарот  за граѓански иницијативи Прилеп.
Откако координаторот на проектот Адријана Трендова се осврна на претстојните активности во финалната фаза на проектот, авторот на публикацијата Дарко Јаневски даде краток вовед во содржините на публикацијата издадена на 7 јазици. За искуствата со употребата на јазиците на етничките заедници и залагањата на институциите, особено Секретаријатот за имплементација на Рамковниот договор, зборуваше  Хајрие Елези која  појасни дека употребата на друг службен јазик различен од македонскиот законски е регулирана во Собранието, во комуникацијата меѓу граѓаните и министерствата, судските постапки, општата управна постапка, комуникацијата со Народниот правобранител, извршувањето на санкции, изборниот процес, референдумите, личните документи и сл.
Потоа се отвори плодна дискусија во чии рамки учесниците опишаа како се употребуваат јазиците на етничките заедници во трите општини во регионот. Беше кажано дека во Општина Маврово и Ростуше албанскиот јазик се употребува исклучиво заради добра волја во работата на советот бидејќи албанската заедница таму е застапена под 20%, додека ниту сообраќајните табли ниту документацијата не е испишана на турски или албански јазик. Во Општина Центар Жупа ситуацијата е слична и не се почитува Законот за употреба на јазиците на заедниците. За разлика од овие две општини, беше истакнато дека состојбата во Дебар е подобра - сите документи се издаваат на македонски и албански јазик. Сепак во Дебар некои фирми, покрај на албански, не ги испишуваат натписите и на македонски јазик. Присутните не беа задоволни од употребата на албанскиот јазик во судството и во институциите на централната власт.
Градоначалниците на Дебар и на Маврово и Ростуше, како и советниците од општина Центар Жупа се осврнаа на досегашните искуства во нивните општини. 

Дневен ред (македонски, shqip)

deb237

Коментари
Додади ново Пребарај
tiafrataftab  - http://cracenrabli.yourshosting.com   |109.111.184.xxx |2011-07-17 17:10:51
приветствую увидел вашу гостевую
понравилось нашел в сети шаблон
такой гостевой . Поставил
вот показываю Вам
на общее
обозрение. Надеюсь админ не сильно
обидется ,обещаю поставить
у
себя ссылку на вас.Чтобы все был по
честному.
link:http://vicchiterva.summerhost.info

link:http://nvigexalglad.zbyte.org
omsuratos  - http://cirwitacde.297m.com   |94.180.4.xxx |2011-07-17 17:37:01
Привет нашел вашу гостевую прикольно
нашел в сети скрипт же гостевой .
 установил вот показываю Вам
на
общее обозрение. Надеюсь админ
не сильно обидется ,обещаю поставить

у себя ссылку на вас.Чтобы все был
по честному.
link:http://vicchiterva.summerhost.info

link:http://loconulust.500mb.net
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB