| Работилница за промоција на Водичот во Кичево |
|
|
На 2-ри септември 2009 година во Кичево се одржа работилница на тема „Употреба на јазиците на етничките заедници на локално ниво”. Целта на работилницата беше да се промовира публикацијата „Водич за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија“ и да се отвори дискусија за употребата на јазиците на етничките заедници на локално ниво.
На работилницата беа присутни вкупно 34 учесници (5 претставници на институции од Кичево, 12 претставници од невладини организации, 3 дописници на 6 медиуми, 3 претставници од општина Кичево и Осломеј, 2 советници и 9 членови на Комисиите за односи меѓу заедниците од општините Кичево, Другово, Вранештица, Осломеј). За содржината, целта и намената на водичот воведно излагање даде авторот Дарко Јаневски. Хајрие Елези, претставничка од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, ги посочи активностите кои ги спроведува Секретаријатот, меѓу кои и оние поврзани со спроведување на Законот за употреба на јазиците донесен во август 2008 год., вработување на преведувачи и толкувачи од македонски на албански јазик и обратно и подготовката на кампања за запознавање на граѓаните со употребата на јазиците на општинско ниво. Беше нагласено дека има практични пречки за примена на законот како што е несоодветната правична застапеност во институциите и недоволното познавање на мајчиниот јазик од страна на припадниците на соодветната етничката заедница. Како позитивен пример беше посочена институцијата Народен правобранител каде секој граѓанин може да се обрати на својот мајчин јазик. Камер Имери, државен советник на Народниот правобранител во регионалната канцеларија во Кичево, истакна дека досега немало претставки од граѓани за неостварување на ова право во институциите, пред сè заради неинформираност на граѓаните за користење на оваа можност. Општина Кичево ќе вложи максимални напори за да им овозможи на сите граѓани да комуницираат на својот мајчин јазик, планирано е да се отвори приемно одделение каде сите граѓани ќе можат да се обратат на својот јазик. Во Општина Вранештица каде има над 20% припадници на турската етничка заедница има кршење на Законот за употреба на јазиците и на Законот за локална самоуправа, сеуште не се применува одлуката на Советот за двојазичност на општината, натписите и печатите се еднојазични. Беше препорачано во иднина да се има предвид повеќе практичната примена на јазиците, како тоа функционира, да се обрне внимание на усната, а и на писмената комуникација во подрачните единици на министерствата и да се разгледа состојбата со топонимите - каде и како тие треба да бидат поставени. Дневен ред (македонски, shqip, türkçe) kic012
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 2-ри септември 2009 година во Кичево се одржа работилница на тема „Употреба на јазиците на етничките заедници на локално ниво”. Целта на работилницата беше да се промовира публикацијата „Водич за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија“ и да се отвори дискусија за употребата на јазиците на етничките заедници на локално ниво.
На работилницата беа присутни вкупно 34 учесници (5 претставници на институции од Кичево, 12 претставници од невладини организации, 3 дописници на 6 медиуми, 3 претставници од општина Кичево и Осломеј, 2 советници и 9 членови на Комисиите за односи меѓу заедниците од општините Кичево, Другово, Вранештица, Осломеј).
законот како што е несоодветната правична застапеност во институциите и недоволното познавање на мајчиниот јазик од страна на припадниците на соодветната етничката заедница. Како позитивен пример беше посочена институцијата Народен правобранител каде секој граѓанин може да се обрати на својот мајчин јазик. Камер Имери, државен советник на Народниот правобранител во регионалната канцеларија во Кичево, истакна дека досега немало претставки од граѓани за неостварување на ова право во институциите, пред сè заради неинформираност на граѓаните за користење на оваа можност. 




