| Работилница за промоција на Водичот во Тетово |
|
|
На 1 септември 2009 год. во Тетово се одржа промоција на Водичот за националното законодавство во сферата на употреба на јазиците на етничките заедници во Република Македонија. На промоцијата присуствуваа 24 учесници: 2 претставници од општината и 22 претставници од невладини организации од Тетово. Промоцијата беше уште една можност за заедничка средба на сите засегнати страни од општинската, државната администрација и невладиниот сектор со цел заштита и промоција на правата на етничките заедници.
Марина Обадиќ, Заменикот Народен правобранител за подрачјето на Тетово објасни кои надлежности ги има Народниот правобранител за заштита на правата на етничките заедници и употребата на мајчиниот јазик во комуникацијата со државните органи. Џелал Чајани од Секретаријатот за имплементација на Рамковниот договор објасни до каде е процесот на спроведување на Рамковниот договор, давајќи посебен осврт на состојбата со употребата на јазиците.Едногласен беше заклучокот дека издавањето на водичот е од особено значење за граѓаните бидејќи може да им служи како инструмент за соодветно практикување на нивното право. Од друга страна оваа публикација е корисна за вработените во општинската и државната администрација кои во своето секојдневното работење се соочуваат со предизвици поврзани со спроведувањето на Законот за употреба на јазиците на етничките заедници во пракса. На работилницата беше истакнато дека е нужно да им се излезе во пресрет на барањата на граѓаните кои се во корелација со позитивните законски прописи во државата. Во своето обраќање, авторот на публикацијата Дарко Јаневски детално се осврна на содржините кои се опфатени во Водичот притоа одговарајќи на прашања од присутните кои се однесуваа на конкретни случаи од праксата. Настанот беше медиумски покриен од локалните телевизии ТВ Менада и ТВ Кисс. Дневен ред (македонски, shqip) tt117
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 1 септември 2009 год. во Тетово се одржа промоција на Водичот за националното законодавство во сферата на употреба на јазиците на етничките заедници во Република Македонија. На промоцијата присуствуваа 24 учесници: 2 претставници од општината и 22 претставници од невладини организации од Тетово. Промоцијата беше уште една можност за заедничка средба на сите засегнати страни од општинската, државната администрација и невладиниот сектор со цел заштита и промоција на правата на етничките заедници.
Марина Обадиќ, Заменикот Народен правобранител за подрачјето на Тетово објасни кои надлежности ги има Народниот правобранител за заштита на правата на етничките заедници и употребата на мајчиниот јазик во комуникацијата со државните органи. Џелал Чајани од Секретаријатот за имплементација на Рамковниот договор објасни до каде е процесот на спроведување на Рамковниот договор, давајќи посебен осврт на состојбата со употребата на јазиците.




