spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Услови за избор на обучувачи Испечати Е-пошта
Цел   
Обуките имаат за цел да ги зајакнат капацитетите на граѓанските организации, комисиите за односи меѓу заедиците и институциите кои работат на прашања на немнозинските етнички заедници:стекнување знаења и вештини од областа на малцинските права, меѓуетничките односи, медијација и разрешување  конфликти.
Теми на обуките    
1. Концепт на човекови права и правни стандарди за заштита на немнозинските етнички заедници;
2. Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување на правата на немнозинските етнички заедници;
3. Децентрализација и управување со мултиетнички заедници;
4. Комуникација и разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста;
5. Градење партнерства и вмрежување во функција за лобирање и застапување.
Број на извршители    
По двајца експерти за наведените теми.
Целна група     
     - Претставници на НВО кои работат во полето на малцинските прашања;
     - Претставници од општини и Совети на општини;
     - Јавни институции (училишта, центри за социјални работи, омбудсман итн)
Мешани групи од 25 учесници во 8 региони во Р. Македонија.
 Динамика на обуките     
Вкупно 32 дводневни обуки за 8 групи по 4 обуки, во зависност од приоритетите на регионите.
Обуките се очекува да се испорачаат во периодот декември 2007 - декември 2008.
Обучувачите се должни да достават прирачник за обуките во еден примерок најдоцна 10 работни дена пред одржување на обуките.
Обучувачите ќе имаат  обврска за подготовка и доставување  извештај од секоја одржана обука, во рок од 10 работни дена по завршување на секоја обука.
Цел на обуките    
     - да ги воведе учесниците во концептот на човекови права, механизмите за застапување на правата на малцинствата;
     - учесниците да се стекнат со основните комуникациски вештини во насока на разрешување на конфликти и мултиетнички пристап за односи со јавноста;
     - да се зајакнат капацитетите на НВО и институциите за справување со потребите и проблемите на немнозинските етнички заедници.
     - иницирање различни процеси на подигање на свеста, размена на знаења и искуства и промена во однесувањето;
     - градење мрежи на немнозински и дискриминирани групи на национално ниво.
Очекувани резултати    
     - одржани 4 обуки во секој од 8-те региони на темите кои се утврдени како приоритет за соодветниот регион (види:  http://www.podistosonce.org.mk/dokumenti/Procenka_na_potrebite_za_obuka.pdf);
     - зајакната комуникација и соработка помеѓу НВО кои работат на прашања на немнозински етнички заедници, локалните власти и јавни институции, медиумите и граѓаните;
     - познавање на механизмите и инструментите за креирање јавни политики,  застапување и лобирање на национално и локално ниво;
     - способност за препознавање на присуството на предрасуди и стереотипи за различни етнички заедници и зголемена доверба помеѓу различни етнички заедници.
 Услови за избор    
Лицата кои се пријавуваат како испорачувачи на обуката треба да достават:
     1. Биографија;  
     2. Предлог програма со динамика на одржување на обуките;
     3. Предлог материјал за учесниците;
     4. Понуда за соодветната обука (или сите) со цена на чинење на услугата по ден и лице.
  При изборот ќе се имаат предвид следните критериуми:
     - Обучувачите да одржувале слични обуки како тим или поединечно;
     - Искуството кое преку биографиите (CV) може да се провери;
     - Предлог програмa со динамиката за одржување на работилниците;
     - Предлог материјали за учесниците;
     - Понудената цена на услугата во споредба со квалитетот и искуството.
Рок за поднесување понуди e 10 декември 2007
Потребната документација се доставува по пошта на адреса: Бул. „Јане Сандански“ 26/II/2, 1000 Скопје, со назнака „за обучувачи“. Дополнителни информации може да се добијат на тел. 02 2403010, лице за контакт: Адријана Трендова.

 

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB