spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Соопштение за јавност - Под исто сонце Испечати Е-пошта
Кампањата насловена “Под исто сонце” што се спроведува во рамките на проектот “Живеење во мултиетничка средина - Граѓани со еднакви права, можности и заштита”,  беше промовирана денеска (13.11.2007 година) во Детскиот театарски центар во Скопската стара чаршија. Проектот е финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), а кампањата ја промовираа амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Ерван Фуере, извршниот директор на ФИООМ, Владимир Милчин и раководителот на проектот, Сунчица Костовска Петровска, директор на програмата за граѓанско општество на ФИООМ.

Кампањата има за цел да ја зголеми јавната свест за правата на малцинските групи и да промовира почитување и заштита на правата на немнозинските етнички заедници. Кампањата е дел од компонентата “Лобирање, застапување и зголемување на јавната свест” која вклучува и публикување и промоција на меѓународните конвенции и декларации и националното законодавство за малцинските права, како и други јавни настани (дебати, средби, работилници, мултиетнички хепенинзи).

Промоцијата на оваа кампања е еден од настамите што се организираат по повод одбележувањето на 15-годишнината на ФИООМ.

sk892

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB