|
Регионална средба на Народниот правобранител и Комисиите за односи меѓу заедниците |
|
|
|
На 26-ти јуни 2008 год. (четврток) со почеток во 11.15 часот во Тетово се одржува регионална средба на Народниот правобранител и Комисиите за односи меѓу заедниците, дел од проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“, финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ). Средбата ја организира ФИООМ во соработка со НВО „Заеднички вредности” од Скопје.
Целта на регионалната средба е да се поттикне соработката меѓу Народниот правобранител и Комисиите за односи меѓу заедниците од регионот (Тетово, Гостивар, Врапчиште, Јегуновце, Желино, Брвеница, Боговиње, Маврово и Ростуше) за прашања кои се однесуваат на немнозинските етнички заедници. Воведно излагање на средбата, покрај Марина Обадиќ како Заменик народен правобранител, ќе има и Наташа Вртеска од Заедницата на единиците на локалната самоуправа на РМ (ЗЕЛС).
|