spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Обука за размена на искуства меѓу младинци од ромска националност од Р. Македонија и Р. Бугарија Испечати Е-пошта
[english]
dop.obuka_za_romi_mladinci_2.jpgНа 13-ти и 14-ти декември 2008 год. во Виница, во рамките на компонентата Градење капацитети и вмрежување, се одржа обука на тема „Размена на искуства меѓу младинци од ромска националност од Р. Македонија и Р. Бугарија и нивно пошироко запознавање со областа на човековите права и правата на немнозинските етнички заедници”. На обуката присуствува 13 претставници од ромската мрежа „Рома“ која дејствува во североисточна Македонија и 6 члена од ромската асоцијација „Интегро“ која работи во североисточна и југозападна Бугарија. Целта на обуката беше да се разменат меѓусебни искуства и да се поврзат младите од ромската етничка заедница од Република Македонија и Република Бугарија. Посебен акцент беше ставен на областа на човековите права, правата на dop._obuka_za_romi_mladinci_1.jpgнемнозинските етнички заедници, интеграцијата на Ромите во структурите на општеството, културниот развој, подобрувањето на материјалните, социјалните и економските услови за живот, како и на можностите за институционално решавање на проблемите на етничките заедници на национално и интернационално ниво и меѓусебно координирање на работата на двете мрежи.
Обуката ја водеа Даниела Јаневска, учесник во програмата Обука за обучувачи и Мустафа Јакупов, член на оперативната група за мониторинг на локалната администрација во проектот.
Излагање за темата имаа и гостите од Бугарија: Џулиета Ефтимова, Ружен Макаринов, Огнен Исаев, Хусмен Ефраум и Александар Јорданов.
Во текот на двата дена се работеше во пријатна, конструктивна и динамична атмосфера. При тоа се  дебатираше и се покренаа прашања и дискусии кои што беа од особена корист и интерес за сите учесници. За таа цел, беше закажана и следна средба која треба да се одржи во мај 2009 год. во Бугарија.
Обуката ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со Регионалниот центар за одржлив развој Кратово (поранешен Центар за поддршка на НВО Кратово), а на иницијатива на НВО „Рома прогрес”од Ранковце.

[Дневен ред]

kr356
kum007
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB