|
Обука на тема: „Комуникација и разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста“ |
|
|
Обука на тема „Комуникација и разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста“, дел од проектот Живеење во мултиетничка средина – Граѓани со еднакви права, можности и заштита, финансиран од Европската комисија и ФИООМ, се одржува на 23-24-ти маj 2008 год. во х. „Бистра“, Маврово.
Целта на обуката е учесниците да се здобијат со знаења и вештини за ненасилна комуникација, за начините на разрешување конфликти, за перцепциите како основа за формирање на однесувањето, за различните пристапи за односи со јавноста.
Обучувачи на обуката ќе бидат г-ѓа Павлина Јанкуловска и г-ѓа Мимоза Јовановска. Се очекува присуство на претставници на невладини организации, јавни институции и локални самоуправи од регионот на Скопје и Тетово.
|