spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” Испечати Е-пошта
partnerstva_skopje-veles_27-28_septemvri_08_2.jpgНа 27 и 28 септември 2008 год. во Велес се одржа обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување“. На обуката присуствуваа 35 учесници (10 претставници од единиците на локалната самоуправа Скопје, Чаир и Карпош и 23 претставници на невладини организации од Скопје и Тетово). Целта на обуката беше да се унапредат знаењата на учесниците за создавање партнерства и вмрежување, да се презентираат и практично да се применат алатки и методи за градење на партнерствата и да се пренесат вештините за активно вклучување во лобирање и застапување за интересите на етничките заедници и социјалната инклузија на истите.
Претставниците од локалната самоуправа (советници, но и вработени во општините) успеаа да ги препознаат придобивките од овој тип на обука, што се должеше на нивната упатеност во темата. Беше создадена хомогена структура од претставници на невладини организации и претставници на локалната власт, кои исклучително активно партиципираа во обуката.
Во посебна сесија беа формирани три групи на ниво на општини (Карпош, Чаир и Тетово) кои работеа на дефинирање проблеми за чие решавање е потребно меѓусекторско партнерство и формирање мрежа.
Во тој контекст, на подрачјето на општина Карпош беше нагласена потребата од обезбедување услови и можности за афирмирање на културните, традиционалните и другите вредности на етничките заедници. Во општина Чаир учесниците констатираа дека најголем проблем претставува образованието на Ромите - околу 300 деца од ромската заедница со живеалиште во Чаир на возраст од 8-17 години не посетуваат училиште. Групата која работеше на проблемите во општина Тетово истакна дека постои стар систем за водоснабдување во општината, а граѓаните на Тетово не ја користат водата рационално. Прашањата кои ги обработуваа групите беа специфични и претставуваа пример за тоа дека навистина е потребно да се посвети внимание на вклучувањето на граѓаните и за истото да се формираат локални лоби мрежи.
Во понатамошниот тек на обуката, учесниците научија како да ја дефинираат целта на лобирањето, да одредат примарни и секундарни цели, да соберат и анализираат податоци, да ја дефинираат целната група, да креираат пораки, ефективно да презентираат, да градат партнерства за лобирање и да коалицираат, да планираат буџет за лобирање и да воспоставуваат партнерски однос со медумите. Обуката беше проследена со дискусија и интерактивни вежби.
Обучувачи на обуката, која ја ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со партнерската организација „Заеднички вредности”, беа Марио Вељковиќ и Фатмир Сарачини. Обуката беше медиумски покриена од страна на МТВ, Радио Скопје и влашката редакција при МТВ.

Дневен ред

sk892 
tt117

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB