|
Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” во Охрид |
|
|
На 11ти и 12ти јуни 2008 год. во хотел Метропол – Охрид се одржува обука за претставници од невладини организации, јавни институции и единици на локалната самоуправа од Скопје и Тетово. Тема на обуката е децентрализацијата и управувањето со мултиетнички заедници, а обучувачи се Жидас Даскаловски и Марија Ристеска.
Обуката ја организира Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со партнерската организација Заеднички вредности од Скопје.
Целта на обуката е учесниците да се стекнат со знаења за процесот на децентрализација и начините на управување со мултиетнички заедници.
|