| Регионална работилница „Координација за создавање национална мрежа на влашките невладини организации |
|
|
|
Работилница на тема „Координација за создавање национална мрежа на влашките невладини организации во Република Македонија“ се одржува на 14-ти и 15-ти ноември 2008 година во х. „Оаза“, Штип.
Целта на регионалната работилница е да се воспостави координација на релевантните здруженија од влашката заедница во Република Македонија во насока на дефинирање приоритети од областа на јазикот/образованието и културата, односноподготовка на план за изготување Акциони планови. Модератори на работилницата се Марија Николова и Мандика Нича. Работилницата ја организира Фондацијата Институт oтворено oпштество - Македонија (ФИООМ) во соработка со здружението „Заеднички вредности“ од Скопје.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









