spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Обуки arrow Обука на тема „Комуникација и разрешување конфликти и развивање на мултиетнички пристап за односи со јавноста“
Обука на тема „Комуникација и разрешување конфликти и развивање на мултиетнички пристап за односи со јавноста“ Испечати Е-пошта
На 12 и 13 април 2008 год. во Велес беше реализирана обука на тема „Комуникација и разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста“. Во обуката учествуваа вкупно 17 претставници од регионот на Велес, меѓу кои 2 од локални институции, 11 претставници  од невладини организации, 1 новинар од локален медиум од Велес и 3 претставници од општините Градско, Лозово и Чашка. Обуката ја спроведоа Павлина Јанкуловска и Мимоза Богдановска-Јовановска, кои низ специфичниот метод на интерактивност ја направија пријатна работната атмосфера.
Почетокот беше одбележан со темата ненасилна комуникација како основа за градење мултиетнички односи, а потоа се премина на контролиран дијалог, перцепции и стереотипи кон припадниците на заедниците, конфликт и разбирање на конфликтите во едно мултиетничко општество. Во понатамошниот тек од обуката беше обработен терминот национален идентитет и различности, на кого се надоврзаа следните теми: градење на доверба во едно мултиетничко општество, односи со јавноста во мултиетничка средина, пропагирање во медиуми, избор на методи и глобална рамка на информирање. За реализација на оваа дводневна обука беа користени теоретски презентации и практични обработки на темите кои вклучуваа групна работа (играње улоги, студии на случаи, дискусии и симулации) и индивидуална работа (тестови, барометар на ставови, бура на идеи). Вежбите „Пустина“ и „Слоновска вежба“ ја побудија креативноста кај учесниците, но и овозможија тие да почувствуваат што сé е потребно за да се изгради доверба и колку е тежок патот за да се стигне до неа.
Покрај писмената оценка на обуката, беше спроведена дополнителна оценка со насмеани/намуртени/неутрални лица. Како резултат од дводневното работење, на крајот беа избројани вкупно 25 насмеани и 3 неутрални лица. Учесниците задоволството од поминатата обука го преточија во изјавите:...голема трпеливост на предавачите да не ислушаат и да ни дадат одговор; научивме многу за тоа како се комуницира и тоа ќе го примениме во нашите средини и на работа; добра тема, иако имав голем ангажман дојдов и не жалам што така одлучив; сметам дека ќе можам да применам многу - ми се исполнија очекувањата за тоа како полесно да ги надминувам проблемите
Обуката беше организирана од страна на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Велес (Фондација за локален развој и демократија „Фокус” Велес, поранешен Центар за поддршка на НВО).

Дневен ред

ve983 

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB