| Тематска работилница во Штип |
|
|
|
Регионалната мрежа „Виадукт” во својата програма за работа како еден од идентификуваните приоритети во регионот ја посочи потребата од вклучување на немнозинските етнички заедници во креирањето на јавните политики. Оттаму произлезе потребата од изготвување на акти во кои ќе се дефинираат чекорите за решавање на проблемите на етничките заедници и ќе се наметне нивното вклучување во политиките кои се креираат на локално ниво.
За таа цел, на 20 ноември 2008 год. во Штип се одржа тематска работилница за подготовка на локални акциони планови за учество на немнозинските етнички заедници во креирање јавни политики.
Работилницата ја фасилитираше Виолета Димовска од НВО „Акција Здруженска”, а во неа учествуваа 3 претставници од институции и 13 претставници од невладини организации од Штип и Куманово. Целта на работилницата беше да се разменат информации и искуства при одредувањето на вистинските приоритети во општините, да се надградат знаењата на учесниците во интерес на нивната институција/организација заради полесно остварување на правата на етничките заедници и да се оствари подобра соработка за решавање на проблемите преку заедничко лобирање. Откако беа идентификувани областите на делување и механизмите за остварување на целите, учесниците беа поделени во две работни групи според местото на живеење. Преку интерактивен пристап тие ги одредија најзначајните проблеми во нивните општини. Работната група од Куманово работеше на потребите од областа на социјалната заштита и заштитата на правата на детето, како и на потребите кои се однесуваат на локалниот економски развој. Како проблем го посочи големиот број на социјално загрозени семејства во градот и невработеноста која е најзастапена кај лицата од немнозинските етнички заедници на возраст од 20 до 30 години. Работната група од Штип работеше на проблемите поврзани со руралниот развој, образованието и културата. Беа идентификувани следните потреби: информирање на немнозинските етнички заедници во руралните средини и општина Карбинци за општественото живеење, вклученост на децата од руралните средини во образовните процеси и афирмација на културните вредности на етничките заедници во регионот. Врз основа на поставените приоритети работните групи подготвија предлог - локални акциони планови за Штип и Куманово, за чија имплементација ќе се лобира заеднички пред локалните институции. Тематската работилница ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Штип (Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, поранешен Центар за поддршка на НВО). Дневен ред sht453 kum007
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









