|
Тематска работилница во Штип |
|
|
На 20-ти ноември 2008 год. со почеток во 10.00 часот во хотел „Оаза”, Штип, се одржува работилница на тема „Подготовка на локален акционен план за учество на немнозинските етнички заедници во креирање јавни политики“.
Цел на тематската работилница е учесниците од Штип и Куманово да подготват локални акциони планови за учество на немнозинските етнички заедници во процесите на креирање на јавните политики. Модератор на средбата ќе биде Виолета Димовска, обучувач и консултант од Здружението на граѓани „Акција Здруженска“ Скопје.
Работилницата ја организира Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со Фондацијата за развој на локалната заедницата Штип (поранешен Центар за поддршка на НВО).
|