| Јавна дебата во Делчево |
|
|
На 25-ти октомври 2008 год. во Делчево се одржа јавна дебата на тема „Состојбата на немнозинските етнички заедници во регионот на Делчево, Македонска Каменица, Пехчево, Берово, Виница и Кочани” која беше прва во серијата јавни дебати предвидени во проектот. Цел на дебатата беше да се поттикне дискусија меѓу претставниците од централната и локалната власт, невладините организации и граѓаните за потребите на немнозинските етнички заедници во секоја од шесте општини.Модератор на јавната дебата беше Тони Стоименовски од Регионалниот центар за застапување Делчево. На почетокот на дебатата со воведно излагање до присутните се обратија Анифа Демировска, Ленче Бајкова, Кирчо Иванов, Зекир Абдулов и Жаклина Пауновска-Анѓелковиќ. Анифа Демировска, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на етничките заедници, истакна дека образованието го гледа како приоритет што ќе помогне да се прекине синџирот на сиромаштија што постои кај некои заедници, особено кај ромската. Ленче Бајкова, претставник од Министерството за транспорт и врски, зборуваше за Стратегијата за домување во рамките на Декада за вклучување на Ромите и нагласи дека е потребно невладините организации и локалните самоуправи заеднички да соработуваат на конкретни проекти, особено во ромските населби што не се урбанизирани. Кирчо Иванов, претседател на Советот на општина Делчево, во своето излагање акцент стави на резултатите од соработката на општина Делчево со ХДЗР „Кхам“ и реализираните проекти во населбата со претежно ромска популација за отстранување на диви депонии, поставување канализациона мрежа, реновирање на ходници и санитарии во основните училишта и др. Зекир Абдулов, претседател на ХДЗР „Кхам“ од Делчево, зборуваше за состојбата на ромската заедница во Делчево. Според него, ромската популација е на маргините без разлика дали се манипулира со стратегии или не. Жаклина Пауновска-Анѓелковиќ, претседателка на ЗГ „Еднакви за сите” од Кочани се осврна на состојбата на ромската и турската заедница во Кочани, недоволната застапеност на немнозинските етничките заедници во институциите и дискриминацијата. Од излагањето на воведничарите и дискусијата што се водеше на дебатата произлегоа следните заклучоци и препораки: да се подобри степенот на образование кај Ромите (стипендии, вклучување на родители во училишните совети, подобрување на односите ментор-ученик, иницијатива за предлог-проект за завршување на средното образование со средства од Ромскиот едукативен фонд), невладините организации да лобираат кај единиците на локалната самоуправа за реализација на проекти со цел подобрување на состојбата на етничките заедници (проект за доградување на инфраструктура во ромски населби), претставниците на етничките заедници повеќе да бидат застапени во институциите, да се одржуваат повеќе вакви и слични настани со претставници од различни министерства и институции, каде што на виделина би излегле проблемите и би се дошло до солуции за нивно надминување. Фондацијата Институт отворено општество - Македонија ја имплементираше јавната дебата во соработка со Регионалниот центар за застапување Делчево (поранешен Центар за поддршка на НВО Делчево). Како резултат од дискусиите на јавната дебата Ромскиот и културен едукативен центар „Тернипе МК“ од Делчево разви проект „Роми со дипломи” за кој потпиша договор со Ромскиот едукативен фонд за да можат 50 Роми од Делчево, Пехчево и Берово да го завршат средното образование. Проектот ќе се спроведува во соработка со општина Делчево.
Дневен ред (македонски, english)
del56vo
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| Следно > |
|---|




На 25-ти октомври 2008 год. во Делчево се одржа јавна дебата на тема „Состојбата на немнозинските етнички заедници во регионот на Делчево, Македонска Каменица, Пехчево, Берово, Виница и Кочани” која беше прва во серијата јавни дебати предвидени во проектот. Цел на дебатата беше да се поттикне дискусија меѓу претставниците од централната и локалната власт, невладините организации и граѓаните за потребите на немнозинските етнички заедници во секоја од шесте општини.




