| Иницијален состанок за вмрежување во Штип |
|
|
На 11 јуни 2008 год. во Штип се одржа иницијална средба за вмрежување на невладини организации и институции од Куманово, Кратово, Крива Паланка и Штип кои работат на прашања поврзани со немнозинските етнички заедници. Модератор на средбата беше Невенка Лонгурова - Гирова, локален координатор на проектот во Штип. На состанокот присуствуваа 5 претставници на институции и 12 претставници на невладини организации од Штип, Крива Паланка, Ранковце и Куманово кои уште од почетокот на проектот беа вклучени во програмата за градење капацитети.
Согледувајќи дека само заеднички можат да остварат конкретни резултати, особено за прашања кои бараат осмислено лобирање, тие произлегоа со идеја за формирање регионална мрежа која би работела на промоција и заштита на правата на немнозинските етнички заедници.Во таа смисла, на состанокот беа идентификувани потенцијалните точки на соработка и заедничко делување на мрежата: човекови права, образование и интеграција на немнозинските етнички заедници. Учесниците сметаа дека сферата на човековите права треба да биде опфатена целосно, додека кај образованието и интеграцијата на немнозинските етничките задници треба да се работи на специфични проблеми (локални стратегии за образование на етничките заедници и имплементација на акциони планови / позитивна дискриминација и сензибилизација на институциите). На иницијалниот состанок присутните разговараа и за моделот на функционирање на предложената мрежа. Сите се согласија дека мрежата за почеток треба да биде неформална, но по утврден временски рок да се пристапи кон регистрирање на истата.Секоја организација/институција искажа подготвеност да пополни прашалник со детални информации за своето делување, во кое, меѓу другото, ќе изрази и интерес за вклучување во мрежата. Организаторот на состанокот презеде обврска да го подготви прашалникот во соработка со НВО „Дром“ од Куманово и да го дистрибуира до сите заинтересирани страни за да се утврди кој има желба да партиципира во мрежата. Откако ќе се дефинираат членките на мрежата, учесниците предложија да се организира регионална работилница, во чии рамки би се работело на основните документи и начела од кои ќе се раководи мрежата (визија, мисија, стратешки определби на мрежата, правилник за работа на мрежата). Иницијалниот состанок за вмрежување, како и сите последователни активности поврзани со формирањето на мрежата, ги организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Штип (Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, поранешен Центар за поддршка на НВО).
sht453
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 11 јуни 2008 год. во Штип се одржа иницијална средба за вмрежување на невладини организации и институции од Куманово, Кратово, Крива Паланка и Штип кои работат на прашања поврзани со немнозинските етнички заедници. Модератор на средбата беше Невенка Лонгурова - Гирова, локален координатор на проектот во Штип. На состанокот присуствуваа 5 претставници на институции и 12 претставници на невладини организации од Штип, Крива Паланка, Ранковце и Куманово кои уште од почетокот на проектот беа вклучени во
На иницијалниот состанок присутните разговараа и за моделот на функционирање на предложената мрежа. Сите се согласија дека мрежата за почеток треба да биде неформална, но по утврден временски рок да се пристапи кон регистрирање на истата.




