| ТВ дебата во Тетово на тема: Градење на меѓуетничкиот соживот - предизвик за институциите во Тетово |
|
|
|
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 29 февруари со почеток во 20.10 ч. на ТВ Менада Тетово организира ТВ дебата на тема Градење на меѓуетничкиот соживот - предизвик за институциите во Тетово. Целта на оваа ТВ дебата е да се промовира улогата на институциите во унапредувањето на меѓуетничките односи и поттикнувањето на меѓуетничко и меѓукултурно разбирање.
На ТВ дебатата ќе учествуваат Аднан Нухи – Претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците во општина Тетово, Насер Ќамили – советник во Советот на општина Тетовo (независен), Марина Обадиќ – Заменик Народен правобранител, регионална канцеларија Тетово и Сретен Коцески – Претседател на Институт за развој на заедницата Тетово. Акцент ќе се стави на улогата на институциите во почитувањето и заштитата на правата на етничките заедници, како и начинот на имплементација на домашните и меѓународните стандарди за заштита на правата на етничките заедници во регионот.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









