|
Обука на тема „Концепт на човекови права и развој на позитивни меѓуетнички односи и правни стандарди (интернационални и национални) за заштита на правата на малцинствата” |
|
|
|
Од 12-ти до 14-ти септември 2008 год. во хотел Илинден, Струмица се одржува обука на тема „Концепт на човекови права и развој на позитивни меѓуетнички односи и правни стандарди (интернационални и национални) за заштита на правата на малцинствата “. Обуката е дел од проектот Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита, финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).
Целта на обуката е учесниците да се стекнат со знаења за концептите и заштитата на човековите права (карактеристики, историјат и механизми).
Обучувачи на обуката ќе бидат Лулзим Хазири и Катица Апостоловска. Се очекува присуство на претставници од невладини организации, јавни институции и единици на локалната самоуправа од регионот на Штип, Куманово, Кратово и Крива Паланка.
Обуката ја организира ФИООМ во соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница Штип (поранешен Центар за поддршка на НВО).
|