spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Јавна дебата на тема „Социјалната положба на немнозинските етничките заедници во Тетово” Испечати Е-пошта
[english]  [shqip]
javna_debata_tetovo_1.jpgНа 18 ноември 2008 година во Тетово се одржа јавна дебата  на тема „Социјалната положба на немнозинските етничките заедници во Тетово“.
Во јавната дебата земаа учество претставници од локалната самоуправа и институции (3), невладини организации (14) и медиуми (4) од Тетово. Целта на јавната дебата беше насочена кон констатирање на актуелната социјална положба на немнозинските етнички заедници во Тетово, подобрување на комуникацијата помеѓу засегнатите страни во локалната заедница и поттикнување поголема заинтересираност и информираност на граѓаните за правата на немнозинските етнички заедници од сферата на социјалните права.
Модератор на дебатата беше Лулзим Хазири од Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар.
Јавната дебата ја отвори Хајрије Ахмед, претседател на организацијата Заеднички вредности од Скопје, која даде краток вовед за проектот.
Во понатамошниот тек на дебатата имаше неколку воведни излагања. Арјета Алиу од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Тетово даде краток преглед на структурата и работата на центарот. Аднан Нухи, претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците на Општина Тетово, информираше за работата на комисијата која редовно се состанува и во која членуваат 2 претставници од албанската заедница и по 1 претставник од македонската, турската и ромската заедница. Надир Реџепи од Асоцијацијата за развој на ромската заедница „Сонце“ истакна дека Ромите во Тетово се исклучени од процесите на донесување јавни политики, а во градот постојат 3 гета на ромската заедница за кои општината сеуште нема превземено никакви мерки. Бранка Марковиќ од невладината организација „Среќен живот“ зборуваше за социјално-економскиот статус на српската заедница во општина Тетово и истакна дека во моментот нема ниту еден Србин кој учествува на раководно место во институција на локално ниво. Небојша Захариевски од невладината организација „Младинска алијанса“ објасни дека по донесувањето на Рамковниот договор во општината има намалување на вработеноста на претставниците од македонската заедница, а македонската заедница во Тетово се чувствува обесправена кога станува збор за остварувањето на сопствените права.
Во продолжение се разговараше на состојбата на помалите заедници во делот на социјалата и остварување на правата на социјална помош, со посебен акцент на Ромите. Невладиниот сектор беше повикан на соработка заради побрза интеграција на ромската заедницата во Тетово.
На јавната дебата се слушнаа потребите на немнозинските етнички заедници кои живеат во Тетово. Сите учесници се согласија дека социјалната положба на немнозинските етнички заедници во Тетово преставува најактуелна тема која го засега населението во Тетово, па оттаму во периодот што следуваше беше организирана тематска работилница во чии рамки беше изработен акционен план за подобрување на позицијата на немнозинските етнички заедници во Општина Тетово.
Јавната дебата ја организираше Фондацијата Институт Отворено општество - Македонија во соработка со Заеднички вредности од Скопје.

[Дневен ред]

tt117
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB