spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Средби со народниот правобранител arrow Регионална средба на заменикот на Народниот правобранител во Куманово
Регионална средба на заменикот на Народниот правобранител во Куманово Испечати Е-пошта
regionalna_sredba_so_ombutsman_kumanovo_001.jpgПо веќе одржаните регионални средби во Тетово, Кичево, Струмица, Битола и Штип, на 21 јануари 2009 год. се одржа регионална средба на Заменикот Народен правобранител - регионална канцеларија Куманово, Комисиите за односи меѓу заедниците и Советите на општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковцe, Кратово и Крива Паланка.
Целта на средбата, на која присуствуваа 38 учесници, беше да се поттикне соработка меѓу Народниот правобранител, комисиите за односи меѓу заедниците и советите на општините од регионот за прашања кои се однесуваат на немнозинските етнички заедници. На средбата говореа Насер Весели, Заменик Народен правобранител од регионалната канцеларија Куманово, Долорес Реџеповска –референт за ромски прашања во општина Крива Паланка и претставници на Комисиите за односи меѓу заедниците од Куманово, Кратово и Старо Нагоричане.
Заменикот Народен правобранител Насер Весели, се осврна на надлежностите на институцијата Народен правобранител за заштита на правата на немнозинските етнички заедници и примената на соодветната и правична застапеност во регионот, нагласувајќи дека малите етнички заедници не се соодветно застапени во институциите. Повика на поголема соработка помеѓу Народниот правобранител, советите на општините и комисиите за односи меѓу заедниците заради остварување на правата на граѓаните. Претставниците на Комисиите за односи меѓу заедниците од Куманово, Липково, Крива Паланка и Старо Нагоричане зборуваа за структурата и функционирањето на комисиите. Генерален беше заклучокот дека овие комисии постојат само формално и не одржуваат состаноци иако нивното функционирање како и постоењето на референти за етнички прашања е многу значајно за немнозинските етнички заедници. На средбата беше истакнато дека граѓаните не ги познаваат надлежностите на Народниот правобранител и неопходно е доближување на институциите до граѓаните. Улогата на комисиите за односи меѓу заедниците треба да се зајакне и да се подобри нивното функционирање, а регионалната соработка помеѓу општините иницирана на оваа средба да продолжи.
Регионалната средба е дел од проектот Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита, финансиран од Европската комисија и ФИООМ. Средбата ја организираше ФИООМ во соработка со Заеднички вредности - Скопје и Регионалниот центар за одржлив развој Кратово (поранешен Центар за поддршка на НВО). 

[Дневен ред]

kum007

kr356

Коментари
Додади ново Пребарај
Анонимен   |77.28.143.xxx |2009-01-23 10:10:10
Sredbata bese navistina odlicna. Se vodese dobra diskusija, ucesnicite bea dobro
izbrani, a organizacijata bese na visoko nivo. Potrebni se poveke vakvi sredi i
vo idnina.
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB