|
Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” |
|
|
На 17 и 18 септември 2008 год. во Велес се одржа обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување”. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења и вештини за градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување. На обуката беа обработени следните теми: партнерства, запознавање со
можните партнери (НВО/општина/институција), мрежи и коалиции, анализа
на можните партнери, одлучување, администрација и односи со јавноста,
план за aкција за заживување на мрежа или коалиција, партнерства за
лобирање, застапување и спроведување кампањи, градење партнерства со
медиуми.
На обуката присуствуваа 27 претставници од невладиниот сектор и
локалната власт (20 претставници на невладини организации и 7
претставници на локални институции од Гевгелија, Валандово, Дојран и
Струмица). Обучувачи беа Марио Вељковиќ и Ерол Адемов (учесник во
програмата Обука за обучувачи).
За секоја сесија имаше мал воведен дел, а потоа следуваше работна вежба која им беше интересна на учесниците. Обуката беше проследена со дискусија, интерактивни вежби, многу комуницирање и дружење. Учесниците научија како да ја дефинираат целта на лобирањето, да одредат примарни и секундарни цели, да соберат и анализираат податоци, да ја дефинираат публиката, да креираат пораки, ефективно да презентираат, да градат партнерства за лобирање и да коалицираат, да планираат буџет за лобирање и да воспостават партнерски однос со медумите.
Обуката беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот од Гевгелија и Струмица (Регионален центар за одржлив развој – Гевгелија и Центар за одржлив „Порта” – Струмица, поранешни Центри за поддршка на НВО).
Дневен ред
gev375
str888
|