spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Обуки arrow Обука на тема „Концепт на човекови права и развој на позитивни меѓуетнички односи и правни стандарди (интернационални и национални) за заштита на правата на малцинствата“
Обука на тема „Концепт на човекови права и развој на позитивни меѓуетнички односи и правни стандарди (интернационални и национални) за заштита на правата на малцинствата“ Испечати Е-пошта
covekovi_prava_gevgelija-vinica_20-22_juni_08.jpgOд 20 до 22 јуни 2008 год. во Виница се одржа обука на тема: „Концепт на човекови права и развој на позитивни меѓуетнички односи и правни стандарди (интернационални и национални) за заштита на правата на малцинствата”. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за концептите и заштитата на човековите права (карактеристики, историјат и механизми). Лузлим Хазири и Катица Апостоловска од Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар ја реализираа обуката со вкупно 22 учесници, меѓу кои 16 претставници од невладиниот сектор и 6 претставници од локалните институции Гевгелија, Валандово, Дојран, Струмица и Радовиш. Во обуката беа опфатени инструментите на Обединетите Нации (Универзална декларација за човекови права, Декларација за заштита на правата на лицата што припаѓаат на национални или етнички, религиозни и јазични малцинства, Меѓународна конвенција за елиминирање на сите форми на расна дискриминација). Се разгледуваа и инструментите на Советот на Европа во контекст на човековите права (Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, Рамковна конвенција за заштита на правата на националните малцинства, Европска повелба за регионални и малцински јазици). Инструментите на ОБСЕ беа разгледувани преку препораките од Хаг за правата на образование на националните малцинства, препораките од Осло за јазичните права на националните малцинства, препораките од Лунд за ефективно учество на националните малцинства во јавниот живот, механизмите на Европската Унија, како и правата на припадниците на етничките заедници во Македонија и примената на Бадинтеровиот принцип на национално и локално ниво.
Во текот на спроведувањето на обуката владееше одлична атмосфера за работа, беа поставувани многу прашања, имаше многу дискусии, солидни презентации од работата во групи и се манифестираше сериозен пристап кон обуката. Обуката беше организирана од страна на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Гевгелија и Струмица (Регионален центар за одржлив развој – Гевгелија и Центар за одржлив „Порта” – Струмица, поранешни Центри за поддршка на НВО).

Дневен ред

gev375

str888

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB