| Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници“ |
|
|
Обуката на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” се одржа на 8 и 9 мај 2008 год. во Струмица. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за процесот на децентрализација и начините на управување со мултиетнички заедници. Обучувачите Жидас Даскаловски и Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики од Скопје ја спроведоа обуката пред вкупно 23 учесници (17 претставници на невладини организации и 16 претставници на локалните институции од Гевгелија, Валандово, Дојран, Струмица и Радовиш).
На самиот почеток од обуката учесниците беа воведени во поимот децентрализација и неговата примена во македонски услови. По теоретскиот дел, следуваше вежба за предизвиците на децентрализацијата во Македонија во чии рамки беа дефинирани неколку проблеми (на пр. правото на управување со градежно земјиште од страна на општините). Заеднички се дефинираа концептите нација, народ, култура, држава, мултиетничност, мултикултура, мултикултурализам. Учесниците активно учествуваа во обуката со свои коментари и мислења за време на вежбите, но и во текот на предавањата. Се забележуваше тенденција на негување на разлики кои се стремат да се сплотат и интегрираат.Обуката беше организирана од страна на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Гевгелија и Струмица (Регионален центар за одржлив развој - Гевгелија и Центар за одржлив „Порта” – Струмица, поранешни Центри за поддршка на НВО). gev375 str888
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




Обуката на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” се одржа на 8 и 9 мај 2008 год. во Струмица. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за процесот на децентрализација и начините на управување со мултиетнички заедници. Обучувачите Жидас Даскаловски и Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики од Скопје ја спроведоа обуката пред вкупно 23 учесници (17 претставници на невладини организации и 16 претставници на локалните институции од Гевгелија, Валандово, Дојран, Струмица и Радовиш).
На самиот почеток од обуката учесниците беа воведени во поимот децентрализација и неговата примена во македонски услови. По теоретскиот дел, следуваше вежба за предизвиците на децентрализацијата во Македонија во чии рамки беа дефинирани неколку проблеми (на пр. правото на управување со градежно земјиште од страна на општините). Заеднички се дефинираа концептите нација, народ, култура, држава, мултиетничност, мултикултура, мултикултурализам. Учесниците активно учествуваа во обуката со свои коментари и мислења за време на вежбите, но и во текот на предавањата. Се забележуваше тенденција на негување на разлики кои се стремат да се сплотат и интегрираат.




