| Регионална средба на заменикот на Народниот правобранител во Штип |
|
|
На 17 декември 2008 год. во Штип се одржа регионална средба на Народниот правобранител - регионална канцеларија Штип, Комисиите за односи меѓу заедниците и Советите на општините од Штип, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пробиштип, Свети Николе, Чешиново-Облешево и Лозово. На регионалната средба присуствуваа 40 претставници од Комисиите за односи меѓу заедниците и Советите на општините и 2 претставници од невладиниот сектор.
Од регионалната средба произлегоа следните заклучоци: Народниот правобранител континуирано да ги презентира своите надлежности пред граѓаните (да се продолжи со промоциите во руралните средини, информативните материјали за надлежностите да бидат поставени на пристапни места во општините, комисиите за односи меѓу заедниците и референтите за односи со заедниците да ја зголемат соработката со Народниот правобранител и да ги информираат граѓаните за неговата улога), да се подобрат механизмите за подобрување на односите меѓу заедниците во општините (во општините да постои или комисија за односи меѓу заедниците или референт за односи со заедниците, комисиите/референтите да бидат вклучени во креирањето на јавните политики на локално ниво, сите комисии за односи меѓу заедниците кои функционираат во рамките на општинските совети да подготват функционални годишни планови за работа, извештаите од референтите за односи со заедниците да бидат дистрибуирани до Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС заради размена на позитивни искуства). Регионалната средба ја организираше Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Штип и Делчево (Фондација за развој на локалната заедница Штип и Регионален центар за застапување Делчево, поранешни Центри за поддршка на НВО). Дневен ред sht453 del56vo
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|