| Тематска работилница на тема „Подобрување на дијалогот на ромската етничка заедница со единиците на локална самоуправа во североисточниот дел на Република Македонија“ |
|
|
На 27 и 28 јуни 2008 год. во Виница се одржa работилница на тема „Подобрување на дијалогот на ромската етничка заедница со единиците на локална самоуправа во североисточниот дел на Република Македонија”.
Цел на тематската работилница беше да се утврдат форми и начини за создавање редовен дијалог на ромската заедница со институциите на системот, како и да се дадат можни насоки за решавање на проблемите на етничките заедници на локално ниво.Во работилницата учествуваа 16 претставници од невладини организации и ромски советодавни групи од општините Ранковце, Кратово, Виница, Берово, Кочани, Пробиштип, Штип и Битола, како и 2 референти за малцински прашања (од Виница и Кочани). Работилницата ја фасилитираше Марио Вељковиќ заедно со Ерол Адемов, кој воедно е референт за малцински прашања во општина Штип и учесник во програмата Обука за обучувачи имплементирана во рамките на проектот. Воведно излагање на работилницата имаше Исмаил Љума, претставник од Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС). Тој ја потенцираше потребата од редовна и ефективна комуникација со институциите, како и важноста на улогата на референтите за малцински прашања при олеснување на комуникацијата на етничките заедници со институциите. Меѓу другото, тој ја истакна и улогата на ЗЕЛС во застапувањето на интересите на институциите на национално и меѓународно ниво, како и значењето на комисиите за односи меѓу заедниците, советите на општините, Народниот правобранител и голем број на невладини организации кои активно работат на подобрувањето на оваа комуникација. Од работилницата беше донесен заклучок да се организираат понатамошни вакви средби во чии рамки ќе се дискутира за состојбата на ромската заедница и да се пристапи кон изготвување на локални акциони планови на ромските советодавни групи. Понатаму, да се направи годишна програма и истата да се достави до советите на општините заради инкорпорирање на делови во годишниот план и програмите на општините во кои дејствуваат ромските советодавни групи. Работилницата ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот од Кратово (Регионален центар за одржлив развој Кратово, поранешен Центар за поддршка на НВО Кратово). Дневен ред
kr356
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|










