|
Работилница за подготовка на програма за работа на мрежа |
|
|
На иницијатива на Македонско-хрватското здружение од Штип, на 06 и 07 декември 2008 год. во Битола се одржа регионална работилница „Подготовка на програма за работа на мрежа”. Целта на дводневната работилница беше да се усвои програма за работа на мрежа составена од македонско-хрватски здруженија, придружена од сите неопходни елементи кои ќе го одразуваат нејзиното дејствување (визија, мисија, структура, раководство, органи и тела, приоритети и цели).
Во работилницата учествуваа 12 претставници на невладини организации (8 Хрвати и 4 Македонци) од Штип, Тетово, Битола и Куманово, како и Почесниот конзул на Република Хрватска во Битола, г-дин Бранко Маретиќ.
Во текот на првиот работен ден, учесниците работеа на подготовка на визија и мисија на мрежата. Користејќи анализа со показатели, поставија приоритетни области на делување и цели според методологијата СМАРТ, а со помош на СВОТ анализа го дефинираа просторот за развој на мрежата во надворешното опкружување, ги формулираа областите на делување и го формулираа називот на мрежата - „Хрватски национален совет”.
Откако беа поставени основите на мрежата, во вториот ден од работилницата се работеше на оперативниот план за работа на Хрватскиот национален совет. Присутните разговараа и се договорија за структурата на мрежата (воспоставување на органи и тела), за моделот на управување со мрежата и начинот на членување во истата. На крајот од работилницата, учесниците се договорија дополнително да ја разгледаат можноста за евентуално ревидирање/доработка на програмата со предлози испратени по електронска пошта, по што таа и официјално ќе биде усвоена, а ќе биде потпишан и меморандум за соработка.
Регионалната работилница беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Штип (Фондација за развој на локалната заедница Штип, поранешен Центар за поддршка на НВО). Работилницата ја водеше Невенка Лонгурова-Гирова од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип.
Досега во рамките на проектот беа успешно имплементирани неколку регионални работилници за вмрежување на невладини организации и институции кои рeзултираа со формирање на уште три мрежи: регионална мрежа „Виадукт” која ги опфаќа општините Штип, Куманово, Ранковце и Крива Паланка и работи на прашања на немнозинските етнички заедници од регионот, национална мрежа на влашките здруженија во Република Македонија која ги опфаќа општините Битола, Прилеп, Скопје, Струга, Охрид, Штип, Куманово и Свети Николе и работи на прашања од интерес за влашката заедница во земјава и регионална мрежа на ромските советодавни групи од 6-те општини Виница, Кратово, Берово, Ранковце, Кочани и Пробиштип која работи на потребите на ромската заедница во регионот.
Дневен ред
kum007
tt117
res493
sht453
|