| Тематска работилница во Тетово |
|
|
На 10 декември 2008 год. во Тетово се одржа работилница на тема „Акционен план за подобрување на позицијата на немнозинските етнички заедници во општина Тетово”. Врз основа на континуираната комуникација со претставници на невладини организации и локалните власти од Тетово, беше утврдена потребата од организирање работилница која ќе има за цел утврдување на проблеми и потреби и нивно инкорпорирање во предлог - акционен план за унапредување на позицијата на немнозинските етнички заедници кои живеат на територија на општина Тетово. На работилницата присуствуваа вкупно 36 учесници: Заменикот Народен правобранител од регионалната канцеларија во Тетово - Дрита Селмани, 10 претставници од локалната власт (советници, вработени и членови на Комисијата за односи меѓу заедниците во општина Тетово), претставник од Центарот за вработување, 25 претставници од невладини организации кои работат на подобрување и унапредување на меѓуетничките односи и 3 новинари. Присутните беа запознаени со основите на стратешкото и оперативното планирање, утврдување на приоритети според методологијата СМАРТ и користењето на алатките во оваа методологија. Во практичниот дел беа изготвени акциони планови во приоритетните области: образование, вработување и култура. Акционите планови беа составени во посебен документ и испратени до сите учесници во работилницата за да може да произлезе конкретна иницијатива за реализација на потребите при што ќе бидат инволвирани сите засегнати страни. Проектниот тим и понатаму ќе работи на координација на активностите и ќе го следи периодот на последователни активности. Работилницата ја водеа Марио Вељковиќ и Фатмир Сарачини, а истата беше организирана од страна на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со партнерската организација „Заеднички вредности“ од Скопје. Дневен ред tt117
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 10 декември 2008 год. во Тетово се одржа работилница на тема „Акционен план за подобрување на позицијата на немнозинските етнички заедници во општина Тетово”. 




