spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Обуки arrow Обука на тема: „Комуникација и разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста“
Обука на тема: „Комуникација и разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста“ Испечати Е-пошта
komunikacii_14-15_mart_dl.jpgОбука на тема „Комуникација и разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста“ се одржа на 14-ти и 15-ти март 2008 год. во Виница. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења и вештини за ненасилна комуникација, за начините на разрешување конфликти, за перцепциите како основа за формирање на однесувањето, за различните пристапи на односите со јавноста. Предавачките Павлина Јанкуловска и Мимоза Богдановска-Јовановска користеа различни методи на пренесување на знаењето (теоретски презентации, практична обработка на темите, вежби за запознавање, вежби за размрдување, емоционална евалвација) и на тој начин континуирано го задржаа интерактивниот елемент на обуката. Практичните вежби ги прилагодија на составот на учесниците што придонесе симулациите на разни конфликтни ситуации да се реализираат со голем успех. Се воспостави тесна врска меѓу теоријата и практиката, а особено дојде до израз искуственото учење.
komunikacii_14-15_mart_2008_delcevo-vinica.jpgВременските термини за сесиите беа во голема мера почитувани, бидејќи од групата беше одреден администратор кој водеше сметка за навремено почнување и завршување на сесиите. Во индивидуалните вежби, но и во дискусиите учесниците активно партиципираа.
Во обуката учествуваа 12 претставници на невладини организации и 6 претставници на институции од Делчево, Пехчево, Македонска Каменица и Кочани. Според податоците од прашалникот за оценка на настан, сите дале позитивно мислење за обуката во целост со дополнителни предлози за одржување повеќе вакви обуки. Некои од учесниците оставија забележителни коментари, на пр.: „Сум била на повеќе работилници за конфликти, ама ова е посебно интересен пристап”, „Дојдов болна и мислев дека ќе биде тешко, си одам здрава и многу побогата со нови искуства”.
Обуката ја организираше Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Делчево (Регионален центар за застапување Делчево, поранешен Центар за поддршка на НВО).

Дневен ред

del56vo
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB