| Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници“ во Велес |
|
|
[english] На 17 и 18 мај 2008 год. во Велес се одржа обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници“. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за процесот на децентрализација и за различните концепти за управување со мултиетнички заедници. Обуката ја спрoведоа Жидас Даскаловски и Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики од Скопје. Во обуката учествуваа 14 претставници (3 од институции и 11 од невладини организации) од Штип, Крива Паланка и Куманово.
Во текот на обуката учесниците стекнаа знаења за поимот децентрализација и неговата примена во Македонија. Преку вежби во групи дискутираа за предизвиците на децентрализацијата во Македонија. Во дискусија беа дефинирани концептите нација, народ, култура, држава, мултиетничност, мултикултура, мултикултурализам. Различните концепти на управување предизвикаа бурна дебата меѓу присутните и можеше да се забележат различни размислувања околу тоа кој концепт би бил најсоодветен да се примени во нашата држава. Учесниците беа многу посветени во следењето на сесиите и извршувањето на задачите. Се забележуваше поголема толеранција и отвореност за промени кај повозрасната популација споредено со младата популација која беше поконзервативно настроена во разбирањето на темата. Обуката беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Штип (Фондација за развој на локалната заедница Штип, поранешен Центар за поддршка на НВО). Дневен ред sht453 kum007 kr356
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 17 и 18 мај 2008 год. во Велес се одржа обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници“. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за процесот на децентрализација и за различните концепти за управување со мултиетнички заедници. Обуката ја спрoведоа Жидас Даскаловски и Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики од Скопје. Во обуката учествуваа 14 претставници (3 од институции и 11 од невладини организации) од Штип, Крива Паланка и Куманово.
Во текот на обуката учесниците стекнаа знаења за поимот децентрализација и неговата примена во Македонија. Преку вежби во групи дискутираа за предизвиците на децентрализацијата во Македонија. Во дискусија беа дефинирани концептите нација, народ, култура, држава, мултиетничност, мултикултура, мултикултурализам. Различните концепти на управување предизвикаа бурна дебата меѓу присутните и можеше да се забележат различни размислувања околу тоа кој концепт би бил најсоодветен да се примени во нашата држава. Учесниците беа многу посветени во следењето на сесиите и извршувањето на задачите. Се забележуваше поголема толеранција и отвореност за промени кај повозрасната популација споредено со младата популација која беше поконзервативно настроена во разбирањето на темата. 




