| Обука на тема „Комуникација и разрешување конфликти и развивање на мултиетнички пристап за односи со јавноста“ |
|
|
На 4 и 5 април 2008 год. во Штип се одржа обука на тема „Комуникација и разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста“. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења и вештини за ненасилна комуникација и разрешување конфликти, како и да развијат глобална рамка за јавно информирање во мултиетничка средина. Обуката ја спроведоа Павлина Јанкуловска и Мимоза Богдановска Јовановска.
На обуката присуствуваа вкупно 17 учесници од Штип, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка и Куманово (7 претставници од локална самоуправа и институции, 10 претставници од невладини организации). Во текот на обуката беа опфатени темите: ненасилна комуникација како основа за градење мултиетнички односи, активно слушање, перцепција, предрасуди и техники на соочување со сопствените и туѓите предрасуди, посредување во конфликти, но и оценка на ставовите и мислењата на припадниците на различни етнички заедници како основа за дефинирање на комуникацијата во развивањето на пристапот за односи со јавноста. Обуката беше интерактивна и освен теорија, која беше во функција на воведување на учесниците во проблематиката, имаше вежби од различен тип (вежби за самооценување и вежби во групи за активно слушање, вежби за перцепција, студии на случај, играње на улоги и симулации). Вежбите придонесоа поефективно да се долови темата и да се разбере проблематиката. Учесниците беа многу посветени и креативни во извршувањето на задачите, па дури и сами предлагаа вежби за одмрзнување и вежби за градење доверба. Обуката беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Штип (Фондација за развој на локалната заедница Штип, поранешен Центар за поддршка на НВО). Дневен ред sht453 kr356 kum007
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 4 и 5 април 2008 год. во Штип се одржа обука на тема „Комуникација и разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста“. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења и вештини за ненасилна комуникација и разрешување конфликти, како и да развијат глобална рамка за јавно информирање во мултиетничка средина. Обуката ја спроведоа Павлина Јанкуловска и Мимоза Богдановска Јовановска.
На обуката присуствуваа вкупно 17 учесници од Штип, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка и Куманово (7 претставници од локална самоуправа и институции, 10 претставници од невладини организации). Во текот на обуката беа опфатени темите: ненасилна комуникација како основа за градење мултиетнички односи, активно слушање, перцепција, предрасуди и техники на соочување со сопствените и туѓите предрасуди, посредување во конфликти, но и оценка на ставовите и мислењата на припадниците на различни етнички заедници како основа за дефинирање на комуникацијата во развивањето на пристапот за односи со јавноста. Обуката беше интерактивна и освен теорија, која беше во функција на воведување на учесниците во проблематиката, имаше вежби од различен тип (вежби за самооценување и вежби во групи за активно слушање, вежби за перцепција, студии на случај, играње на улоги и симулации). Вежбите придонесоа поефективно да се долови темата и да се разбере проблематиката. Учесниците беа многу посветени и креативни во извршувањето на задачите, па дури и сами предлагаа вежби за одмрзнување и вежби за градење доверба. 




