spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” Испечати Е-пошта
partnerstvo_delcevo-dojran_11-13_juli_08.jpgОд 11-ти до 13-ти јули 2008 год. во Дојран се одржа обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” за учесници од Делчево, Пехчево, Берово, Македонска Каменица, Виница и Кочани. На обуката беа присутни 12 претставници од невладини организации, 10 претставници од институции и 1 новинар. Целта на обуката беше да се надградат капацитетите на учесниците за лобирање и застапување за правата на малцинствата преку обработка на теми поврзани со партнерства и вмрежување. Се анализираше феноменот партнерство, се укажа на реалните придобивки и потребата од партнерството во секојдневната работа на индивидуалците, но и на членовите на тимови вработени во институции или организации. Во дневниот ред на обуката беа опфатени и односите со јавноста, спроведувањето кампањи и градењето партнерства со медиумите. Дополнително на учесниците им беше понуден практичен модел и алатка за дефинирање актуелни теми кои би можеле да бидат повод за заживување локални меѓусекторски партнерства/мрежи. Работејќи во групи, учесниците ги утврдија следните приоритети за регионот: потреба од активно вклучување на жените-Ромки во јавниот живот во Пехчево, Берово и Виница и потреба од дооформување на образованието кај Ромите во Делчево со цел нивно евидентирање во Агенцијата за вработување заради полесно вработување.
Учесниците со својата ангажираност придонесоа кон продуктивни дискусии, а вежбите ги истакнаа како многу корисни во контекст на актуелните состојби нагласувајќи дека може да послужат како примери за изработка на конкретни партнерски предлог-проекти на НВО-ЕЛС-институции.
Обуката ја реализираа Марио Вељковиќ и Фатмир Сарачини, а истата беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Делчево (Регионален центар за застапување Делчево, поранешен Центар за поддршка на НВО).

Дневен ред

del56vo
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB