spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Обуки arrow Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” во Скопје
Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” во Скопје Испечати Е-пошта
decentralizacija_veles-skopje_18-19_juni_08_2.jpgОбуката на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” за учесници од регионот на Велес се реализираше во Скопје на 18 и 19 јуни 2008 година. Целта на обуката беше да се унапредат знаењата на здруженијата на граѓани и институциите од областа на децентрализацијата и да се зајакнат нивните капацитети за управување во мултиетнички средини.
Вкупно 22 учесници од Велес, Градско, Лозово и Чашка ја проследија обуката, меѓу кои 5 претставници од единиците на локалната самоуправа, 7 од институции и 10 претставници од невладини организации. Во однос на етничката структура, беа застапени повеќе националности: Македонци, Срби, Бошњаци и Роми. Обуката ја спроведоа Жидас Даскаловски  и Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики Скопје. На почетокот од обуката беа дефинирани поимите нација, народ, култура, држава, мултиетничност, мултикултура и мултикултурализам. Изненадување беше што со оваа група воопшто не беше тешко да се постигне консенсуз меѓу присутните за дефинициите на секој од поимите. Иако искуствата покажаа дека ова претставува најтежок дел од обуката, во Велешкиот регион како да ги имаат веќе апсолвирано концептите етничка заедница, народ, дел од народ и нација.
Предавањето продолжи со концептот на создавање нација и либерална нација, по што следеше вежба на четири теми: права на хомосексуалци, религиозни секти, крст и џамија на видно место, како и закон за религиозни празници. Темите беа контроверзни, но групата покажа големо разбирање за културните и религиозните разлики и искажа либерални ставови за определбата на хомосексуалците. Вистинска дебата се разви понатаму околу изборот меѓу консоцијалниот модел и интегративниот модел на уредување.
При објаснувањето на основните принципи и видови на децентрализација и нивната примена во Македонија, многу од учесниците сметаа дека јавно - приватните партнерства играат голема улога во подобрувањето на јавните услуги на локално ниво. Невладиниот сектор беше идентификуван како еден од факторите кои можат да го превземат управувањето и вршењето на одделни јавни услуги.
Обуката беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Велес (Фондација за локален развој и демократија „Фокус” Велес, поранешен Центар за поддршка на НВО).

Дневен ред

ve983
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB