| Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” во Битола |
|
|
Од 16 до 18 мај 2008 год. во Битола се одржа обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на застапување и лобирање“ која ја спроведоа Марио Вељковиќ и Фатмир Сарачини. Во обуката учествуваа 9 претставници на институции и 11 претставници на невладини организации од Велес, Лозово, Чашка и Градско. Целта на обуката беше да се унапредат знаењата и вештините на учесниците за активно вклучување во процесите на лобирање и застапување за интересите на етничките заедници, како и за социјалната инклузија на етничките заедници. Во рамките на тридневната обука беа презентирани алатки и методи за градење партнерства и вмрежување, а нивната практична примена беше разработена преку дискусии и работа во групи. Во тој контекст, учесниците дефинираа две актуелни теми кои би можеле да бидат повод за заживување на локални меѓусекторски партнерства и мрежи во регионот: потреба од отворање паралелки на албански наставен јазик во средните училишта во Чашка/Велес и намалување на осипувањето на ромските ученици од основните училишта во Велес. Втората тема претставуваше убав пример за тоа дека на социјалната инклузија на етничките заедници навистина е потребно да и се посвети внимание за да може да се формираат локални лоби-мрежи. Групата својата работа ја продолжи и по планираното време заради дискусијата и првичното идентификување на сите предности и слабости со кои се соочува заедницата.Во завршниот дел од обуката учесниците научија како да дефинираат цел на лобирањето, како да одредат примарни и секундарни цели, како да соберат и анализираат податоци, да ја дефинираат публиката и да креираат пораки, како ефективно да презентираат, да коалицираат, да планираат буџет за лобирање и како да градат партнерства со медиумите. Обуката ја организираше Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Велес (Фондација за локален развој и демократија „Фокус” Велес, поранешен Центар за поддршка на НВО). ve983
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




Од 16 до 18 мај 2008 год. во Битола се одржа обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на застапување и лобирање“ која ја спроведоа Марио Вељковиќ и Фатмир Сарачини. Во обуката учествуваа 9 претставници на институции и 11 претставници на невладини организации од Велес, Лозово, Чашка и Градско.
актуелни теми кои би можеле да бидат повод за заживување на локални меѓусекторски партнерства и мрежи во регионот: потреба од отворање паралелки на албански наставен јазик во средните училишта во Чашка/Велес и намалување на осипувањето на ромските ученици од основните училишта во Велес. Втората тема претставуваше убав пример за тоа дека на социјалната инклузија на етничките заедници навистина е потребно да и се посвети внимание за да може да се формираат локални лоби-мрежи. Групата својата работа ја продолжи и по планираното време заради дискусијата и првичното идентификување на сите предности и слабости со кои се соочува заедницата.




