spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Обуки arrow Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” во Охрид
Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” во Охрид Испечати Е-пошта
decentralizacija_skopje-ohrid_11-12_juni_2008.jpgОд 11 до 12 јуни 2008 год. во Охрид се одржа обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници“. Обуката ја организираше Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со партнерската организација „Заеднички вредности” од Скопје. Учесниците имаа можност да се стекнат со теоретски знаења за процесот на децентрализација и можните начини на управување со мултиетнички заедници. Обуката ја спроведоа Жидас Даскаловски и Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики за учесници од Скопје и Тетово (17 претставници на невладини организации, 9 претставници на институции и 3 новинари). Меѓу другото, во обуката учествуваа и заменикот на Народниот правобранител од подрачната канцеларија во Тетово и претставник од канцеларијата на Народниот правобранител во Скопје.
decentralizacija_skopje2_11-12_juni_2008.jpgЗа време на обуката сите учесници активно се вклучија со свои дикусии и коментари во однос на темата. И покрај различните ставови и перцепии за одвивањето на процесот на децентрализација во Република Македонија имаше конструктивна атмосфера за работа и можност за искажување на сопствените видувања од страна на сите учесници.
Во дневниот ред беше опфатена примената на либерални ставови и  либерализмот во пракса, мултикултурните теории на познати автори и нивната можна апликација во РМ, правата на немнозинските заедници во општините, консоцијализмот, интегративните пристапи кон општества со мултиетнички карактер на населението, формалната и неформалната поделба на моќ и споделувањето на моќта на Балканот. Покрај навлегувањето во теоретски размислувања се работеше и во групи со размена на ставови и една завршна дискусија која даде целосна слика за примената на концептите на управување со мултиетнички заедници на национално и локално ниво.
Обуката беше медиумски покриена од бошњачката и влашката редакција при Македонската телевизија.

Дневен ред

sk892
tt117
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB