| Обука на тема „Комуникација и разрешување конфликти и развивање на мултиетнички пристап за односи со јавноста“ |
|
|
На 21 и 22 март 2008 год во Охрид беше спроведена обука на тема „Комуникација и разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста” со вкупно 20 учесници од Кичево, Дебар, Центар Жупа, Вранештица и Другово. Обуката ја организираше Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Кичево и Дебар (Центар за развој на заедницата Кичево и Центар за одржлив развој на заедницата Дебар, поранешни Центри за поддршка на НВО).
Во обуката учествуваа 12 претставници на невладини организации од Кичево, Дебар и Центар Жупа, 2 претставници на институции од Кичево и Вранештица, 4 претставници на единици на локалната самоуправа од Кичево, Вранештица и Дебар и 2 претставници на општинските совети од Кичево и Другово. Учесниците се стекнаа со знаења и вештини за ненасилна комуникација, перцепцијата како основа за фомирање на однесувањето и факторите кои влијаат на перцепцијата, медијација, различните пристапи за односи со јавноста и за поимот јавност како дополнителен фактор во меѓуетничките односи.Обучувачките Павлина Јанкуловска и Мимоза Богдановска - Јовановска со интересен пристап создадоа пријатна работна атмосфера заради полесно прилагодување на учесниците кон темата. Од друга страна, учесниците активно учествуваа во изведбата на вежбите што предвидуваа играње улоги во различни конфликтни ситуации. Имаше малку теорија сведена на кратки информации и насоки лесни за паметење. Поголемиот дел од учесниците беа многу расположени и креативни во извршувањето на задачите. Дневен ред (македонски, shqip) kic012 deb237
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




На 21 и 22 март 2008 год во Охрид беше спроведена обука на тема „Комуникација и разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста” со вкупно 20 учесници од Кичево, Дебар, Центар Жупа, Вранештица и Другово. Обуката ја организираше Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Кичево и Дебар (Центар за развој на заедницата Кичево и Центар за одржлив развој на заедницата Дебар, поранешни Центри за поддршка на НВО).
Во обуката учествуваа 12 претставници на невладини организации од Кичево, Дебар и Центар Жупа, 2 претставници на институции од Кичево и Вранештица, 4 претставници на единици на локалната самоуправа од Кичево, Вранештица и Дебар и 2 претставници на општинските совети од Кичево и Другово. Учесниците се стекнаа со знаења и вештини за ненасилна комуникација, перцепцијата како основа за фомирање на однесувањето и факторите кои влијаат на перцепцијата, медијација, различните пристапи за односи со јавноста и за поимот јавност како дополнителен фактор во меѓуетничките односи.




