| Обука на тема „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата“ |
|
|
Од 22 до 24 април 2008 год. во Скопје се одржа обука на тема „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата”. Обуката ја проследија вкупно 33 учесници од Скопје и Тетово (9 претставници од единиците на локалната самоуправа и институции, 22 претставници од невладиниот сектор и 2 новинари). Целта на обуката беше учесниците да се воведат во поимот јавна политика, но и да се запознаат со процесот на развивање и спроведување стратегии за застапување на правата на немнозинските етнички заедници во Република Македонија. На почетокот од обуката предавачите, користејќи интерактивен пристап, презентираа различни дефиниции на поимот јавна политика со одредување на актерите во јавната политика кои можат да влијаат на процесот на нејзиното креирање. Во понатамошниот тек беа разработени концептите на јавното застапување, како и неговите цели и задачи. Во практичниот дел учесниците беа поделени во 4 работни групи, а од работата во групи произлегоа следните теми кои го отсликуваат животот во нивните заедници и би можеле да бидат предмет на јавно застапување: овозможување услови за спроведување на настава на босански јазик во с. Љубин и с. Оризари, намалување на бројот на децата на улица преку нивно вклучување во образовниот процес, обезбедување на локалитет во Скопје за изградба на Центар за негување на културата на немнозинските заедници и зголемување на можноста за образование на децата од социјално загрозени семејства преку обезбедување бесплатни учебници. Понатаму дискусиите беа насочени кон целната публика, составување карта на моќ, елементи на лобирање и градење поддршка преку формирање на мрежи и коалиции. На крајот беше претставен и форматот на планот за примена на јавното застапување според која треба јасно да се определи секоја активност поединечно заради полесна реализација на планираното. Учесниците покажаа посветеност во извршувањето на задачите и отворено ги споделуваа своите досегашни искуства во сесиите предвидени за дискусии. Обуката ја спроведоа Марија Савовска и Лидија Илијевска од женската невладина организација „Акција Здруженска”. Мандика Нича и Мујо Скендеровиќ учествуваа како обучувачи-асистенти во рамките на обврските од програмата Обука за обучувачи. Обуката, која беше медиумски покриена од влашката редакција при МТВ, ја организираше Фондацијата Институт Отворено општество - Македонија во соработка со „Заеднички вредности” од Скопје. Дневен ред sk892 tt117
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




Од 22 до 24 април 2008 год. во Скопје се одржа обука на тема „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата”.
заедници и би можеле да бидат предмет на јавно застапување: овозможување услови за спроведување на настава на босански јазик во с. Љубин и с. Оризари, намалување на бројот на децата на улица преку нивно вклучување во образовниот процес, обезбедување на локалитет во Скопје за изградба на Центар за негување на културата на немнозинските заедници и зголемување на можноста за образование на децата од социјално загрозени семејства преку обезбедување бесплатни учебници. Понатаму дискусиите беа насочени кон целната публика, составување карта на моќ, елементи на лобирање и градење поддршка преку формирање на мрежи и коалиции. На крајот беше претставен и форматот на планот за примена на јавното застапување според која треба јасно да се определи секоја активност поединечно заради полесна реализација на планираното. 




