spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома arrow Градење капацитети и вмрежување arrow Обуки arrow Обука на тема „Човекови права и правни стандарди за заштита на немнозинските етнички заедници”
Обука на тема „Човекови права и правни стандарди за заштита на немнозинските етнички заедници” Испечати Е-пошта
covekovi_prava_delcevo-struga_16-18_maj_09.jpgOд 16-ти до 18-ти мај 2008 год. во Струга се одржа обука на тема: „Човекови права и правни стандарди за заштита на немнозинските етнички заедници”. Обуката, чија цел беше да се пренесат знаења за концептите и заштитата на човековите права, ја спроведоа Игор Тасески и Талија Бабоска од Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп. Обучувачите ги опфатија следните теми, користејќи интерактивен метод: човекови права и слободи, природа на правата и хронологија на човековите права, меѓународни документи за човекови права за заедниците и нивна примена во Република Македонија, вовед во заштита на немнозинските етнички заедници, права и остварување на правата на припадниците на заедниците во Република Македонија, заштита на правата на немнозинските етнички заедници и институции надлежни за нивна заштита. Учесниците имаа можност активно да учествуваат со свои ставови за време на презентациите, а прашањата кои ги поставуваа беа во функција на содржините и надградување на нивните знаења. Се зборуваше за националните или етничките, религиозните и јазичните малцинства и беа пренесувани споредбени искуства од европските држави во контекст на документите со кои се регулираат правата на заедниците надвор од нашата држава. Акцент беше ставен на поврзувањето на меѓународната со домашната правна рамка, со посебен осврт кон законите од домашното законодавство кои ги гарантираат правата на етничките заедници по усвојувањето на уставните амандмани во 2001 година.
Беа предложени и успешно реализирани неколку вежби за полесно разбирање на проблемите од човекови права поврзани со заедниците. За време на работата во групи активно беа вклучени сите членови.
Обуката ја следеа 16 учесници од Делчево, Пехчево, Берово, Македонска Каменица, Виница и Кочани. Групата броеше слушатели од различни профили, меѓу кои 12 претставници на невладини организации и 4 претставници на институции. Според податоците од прашалникот за оценка на настан, сите дале позитивно мислење за обуката.
Обуката ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Делчево (Регионален центар за застапување Делчево, поранешен Центар за поддршка на НВО).

Дневен ред

del56vo
Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
 
Please input the anti-spam code that you can read in the image.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB