| Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” |
|
|
Во периодот од 14 до 16 ноември 2008 год. во Струга се одржа обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” на која присуствуваа вкупно 28 учесници (20 претставници на невладини организации од Ресен, Охрид, Струга и Битола, 8 претставници на локални институции од Ресен и Струга). Обуката ја спроведоа Марио Вељковиќ и Фатмир Сарачини, а истата беше организирана со цел проширување на знаењата од областа партнерства и вмрежување, активно вклучување на учесниците во процесите на лобирање и застапување насочено кон нивните интереси и социјална инклузија на немнозинските етнички заедници.
Обуката вклучуваше презентации, дискусии и практична примена на алатки за градење партнерства и вмрежување. Вовед во обуката претставуваше практичната активност наречена Галерија, каде секој учесник доби можност да се изрази по прашањето на партнерството како феномен преку илустрација или пишан текст. Во понатамошниот тек учесниците, работејќи во тимови, дискутираа за партнерството како појава од аспект на придобивките и пречките кои се појавуваат во работата. Потоа преку интерактивен пристап беа презентирани, дискутирани и дадени примери поврзани со анализирање на профилот и начинот на работа на можните актери во процесот на градење локални партнерства. Беше ставен акцент на програмите, структурата и процедурите за работа во единиците на локалната самоуправа, невладините организации и институциите. Во сесијата што следуваше групата имаше можност да научи како се одвива процесот на практична анализа на заедницата, но и да ги одреди факторите, актерите и корисниците поврзани со проблемите на немнозинските етнички заедници. Во понатамошниот тек на учесниците им беше понуден практичен модел за отпочнување со процесот на вмрежување. Формираните работни групи дефинираа 3 актуелни теми односно проблеми кои би можеле да бидат повод за заживување на локални меѓусекторски партнерства и мрежи, и тоа: осипување на ромските ученици во ОУ „Ѓорѓи Сугарев” од Битола, неможност за практикување кошарка во Ресен наспроти постоечкиот интерес и несоодветни услови за изведување на физичко - спортски активности во ОУ „Славејко Арсов” од Подмочани.Последна тема во рамките на оваа обука беше лобирањето, застапувањето и градењето на партнерства со медиумите, при што беа презентирани повеќе примери за успешно застапување во Р. Македонија. Обуката беше организирана од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Ресен и Струга (Центар за поддршка на заедницата Ресен и Здружение за развој и активизам „АКВА“ од Струга, поранешни Центри за поддршка на НВО).
res493
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




Во периодот од 14 до 16 ноември 2008 год. во Струга се одржа обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” на која присуствуваа вкупно 28 учесници (20 претставници на невладини организации од Ресен, Охрид, Струга и Битола, 8 претставници на локални институции од Ресен и Струга). Обуката ја спроведоа Марио Вељковиќ и Фатмир Сарачини, а истата беше организирана со цел проширување на знаењата од областа партнерства и вмрежување, активно вклучување на учесниците во процесите на лобирање и застапување насочено кон нивните интереси и социјална инклузија на немнозинските етнички заедници.
Обуката вклучуваше презентации, дискусии и практична примена на алатки за градење партнерства и вмрежување. Вовед во обуката претставуваше практичната активност наречена Галерија, каде секој учесник доби можност да се изрази по прашањето на партнерството како феномен преку илустрација или пишан текст. Во понатамошниот тек учесниците, работејќи во тимови, дискутираа за партнерството како појава од аспект на придобивките и пречките кои се појавуваат во работата. Потоа преку интерактивен пристап беа презентирани, дискутирани и дадени примери поврзани со анализирање на профилот и начинот на работа на можните актери во процесот на градење локални партнерства. Беше ставен акцент на програмите, структурата и процедурите за работа во единиците на локалната самоуправа, невладините организации и институциите. Во сесијата што следуваше групата имаше можност да научи како се одвива процесот на практична анализа на заедницата, но и да ги одреди факторите, актерите и корисниците поврзани со проблемите на немнозинските етнички заедници. Во понатамошниот тек на учесниците им беше понуден практичен модел за отпочнување со процесот на вмрежување. Формираните работни групи дефинираа 3 актуелни теми односно проблеми кои би можеле да бидат повод за заживување на локални меѓусекторски партнерства и мрежи, и тоа: осипување на ромските ученици во ОУ „Ѓорѓи Сугарев” од Битола, неможност за практикување кошарка во Ресен наспроти постоечкиот интерес и несоодветни услови за изведување на физичко - спортски активности во ОУ „Славејко Арсов” од Подмочани.




