| Регионална работилница „Координација за создавање национална мрежа на влашките невладини организации“ |
|
|
Работилница на тема „Координација за создавање национална мрежа на влашките невладини организации во Република Македонија“ се одржа на 14-ти и 15-ти ноември 2008 година во Штип.Целта на регионалната работилница беше да се воспостави координација меѓу релевантните здруженија од влашката заедница во Република Македонија за да може да се дефинираат приоритети од областа на јазикот/образованието и културата на влашката заедница во земјава. На работилницата учествуваа 24 претставници од вкупно 14 влашки здруженија во Македонија, кои истакнаа дека за прв пат сите се сретнуваат на едно место, како и 2 новинари од Влашката редакција при Македонската телевизија (погледни прилог). Откако се запознаа со начелата, чекорите на стратешко планирање и начинот на изработка на акциони планови, учесниците имаа можност практично да изработат акциони планови за културата и јазикот на Власите во Р. Македонија. Работилницата се одвиваше во пријатна работна атмосфера и присутните покажаа висок степен на посветеност во поставување на приоритетните цели и задачи. Особено беше истакната потребата од почесто организирање на ваков вид средби во кои би биле вклучени речиси сите релевантни влашки здруженија во насока на нивно вмрежување.Од работилницата произлезе предлог на Стратегија за јазикот и културата на Власите во РМ и акциони планови. Документите беа испратени до учесниците од страна на организаторот за да може тие да ги разгледаат, а подоцна да следува и нивно формално усвојување. Стратегијата предвидува формирање на координативно тело и ангажман на човечки ресурси кои ќе се грижат за реализација на планираните активности. Модератори на работилницата беа Марија Николова и Мандика Нича, учесници во програмата Обука за обучувачи. Работилницата ја организираше Фондацијата Институт oтворено oпштество - Македонија во соработка со здружението „Заеднички вредности“ од Скопје. Дневен ред sk892 sht453 kum007 res493 pp776 kic012 sr935 gev375
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
|||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|




Работилница на тема „Координација за создавање национална мрежа на влашките невладини организации во Република Македонија“ се одржа на 14-ти и 15-ти ноември 2008 година во Штип.
Работилницата се одвиваше во пријатна работна атмосфера и присутните покажаа висок степен на посветеност во поставување на приоритетните цели и задачи. Особено беше истакната потребата од почесто организирање на ваков вид средби во кои би биле вклучени речиси сите релевантни влашки здруженија во насока на нивно вмрежување.




